ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За убиството на Вања и Панче сведочеа полицајци кои го вршеле претресот во домот на Палчо

December 16, 2024 12:07
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, кои биле присутни при претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски.

Ибрахими, кој присуствувал на претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо на 3 декември, изјави дека при претресот биле одземени лаптоп, таблет Самсунг и телефон Ајфон 6S+, но, како што посочи, не биле евидентирани повици кон Вања.

– Не е забележано дека некој друг од семејството вртел телефони, изјави Ибрахими, одговарајќи на прашањата на обвинетиот Палчо.

Тој додаде дека при претресот, телефоните на сопственикот на куќата, братот на Палчо, биле пред нив на увид и не забележале дека некој член од семејството врти телефон.

Сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал, кој исто така присуствувал на претресот, изјави дека не забележал бирање на бројот на оштетената Вања.

-Од моја страна не беше забележано, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека од братот на Палчо, Баже, бил направен повик кон неговиот адвокат.

Одбраната на Палчо приговараше на исказите на сведоците, тврдејќи дека се во спротивност со прибавената писмена документација и дека се невистинити.

Обвинетиот Палчо истакна дека ниту неговиот брат, ниту неговата мајка знаеле телефонски број од оштетеното дете.

-Оштетеното дете Вања Ѓорчевска, во моментот на претресот е пет дена убиено. Ниту мојот брат, кој не е ниту сведок во случајов, ниту мојата мајка, знаеле телефонски број од оштетеното дете. Невозможно е да вртеле во моменти кога им се одземени телефони, како што е наведено во телефонската анализа. Нормално е полицијата при претрес да заврти на телефонскиот број на оштетеното дете, случајно да не заѕвони во близина. Обвинителство не најде ниту време ниту начин да го прашаме зошто вртел за време на претрес, на 3 декември кога е детето веќе убиено пет дена, рече Палчо.

На денешното рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска информираше дека сведокот Гоце Трајковски нема да сведочи поради неможноста да го обезбедат. Адвокат Владимир Туфегџиќ побара исказот на Трајковски да се прочита како доказ, но судијата Ивица Стефановски најави дека ќе се потруди да го обезбеди сведокот за сведочење.

На изминатите рочишта сведочеа семејствата на убиените како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.
Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 20 декември со изведување на материјални докази.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вањадвојно убиствоПанче
Next Post

На Онкологија од денеска ги има биолошките лекови што недостигаа

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk