ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Се манипулира со темата Балансер, работиме на ново решение

December 17, 2024 10:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 говорејќи околу укинувањето на балансерот истакна дека на оваа тема се манипулира дека истиот беше проблем на ВМРО-ДПМНЕ, а реалноста е дека во извештајот на ЕУ се констатира дека истиот е злоупотребен и треба да се замени со нешто функционално

„Проблемот е во скрининг извештајот на ЕУ. Таа констатира дека балансерот е злоупотребен, дека му поминала таканаречената употребна вредност и дека треба да се замени со нешто коешто ќе има. Ние не стоиме и не чекаме, туку работат групи да направат закон за правична застапеност кој што ќе биде уставен и за бргу ќе се најде пред пратениците во Парламентот.“, истакна Мицкоски и додаде:

– Немојте да мислите дека ние сакаме да бидеме влада којашто ќе јава на полето на фрустрацијата што ќе се креира кај граѓаните.

Тој исто така додаде дека оваа Влада со рамноправната распределба на 250 милиони евра на општините без истите да се двојат врз основа на етничка или политичка припадност како што правела минатата власт, на најдиректен начин покажа дека нејзин приоритет се сите граѓани кои живеат на територија на целата држава.

„Нема изјава во којашто не сум кажал дека мој интерес е скоро 26 илјади километри квадратни територија на цела држава и тоа го поткрепувам со дела. Еве како прв човек на Владата тие 250 милиони евра коишто треба да одат кон општините одат под ист критериум и во Штип и во Тетово и во Карбинци и во Боговиње, и во Радовиш и Струмица, и во Гостивар и Кичево. И одиме чекор понатаму, не само што не ги двоиме етнички општините и проектите, туку им велиме на градоначалниците, господа градоначалници направете проекти, како вие ќе ги направите така ние ќе ви ги финансираме.“, подвлече Мицкоски.

– Не правевме разлика дали се тоа ДУИ, градоначалници коишто доаѓаат од ВРЕДИ или ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Сите добија. Сите коишто дадоа проекти, добија проекти коишто ги финансира оваа држава и ние тоа го покажавме на директен начин, рече Мицкоски.

 

Tags: балансерМицкоски
Next Post

Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk