Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на неговата посета на Ирак пред три години, што беше прва посета на папа на земјата.
Во извадоци од неговата автобиографија, објавени денеска, папата вели дека ирачките власти го информирале по неговото пристигнување во Багдад во март 2021 година дека на најмалку двајца познати бомбаши самоубијци цел им бил еден од неговите планирани настани.
– Жена полна со експлозиви била на пат кон Мосул со намера да се самоубие за време на посетата на папата, напишал Папата во дел од својата книга објавен во италијанскиот весник „Кориере дела сера“.