ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Здружение на архитекти на Србија: Објавена нецелосна техничка документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад

December 18, 2024 14:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Управниот одбор на Здружението на архитекти на Србија денеска соопшти дека на веб-страницата на Владата на Србија е објавена нецелосна техничка документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад.

„Од документацијата објавена на веб-страницата на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како дел од идејниот проект е достапен само „Проектот за архитектура“, што е недоволно со оглед на добиените услови и дозволи, како и нивото на извршени работи на реконструкција, доградба и адаптација на предметниот објект“, се наведува во соопштението на тоа стручно здружение.

Исто така, посочено е дека „Проектот за архитектура“ како составен дел на Идејниот проект и дел од проектот за изведување треба да биде изработен согласно пропишаната процедура и дека сите спомнати документи мора да бидат достапни на јавен увид на веб-страницата на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Управниот одбор на Здружението на архитекти наведе дека „техничката документација, односно нејзините делови, без разлика на видот и класата на објектот, мора да бидат комплетирани согласно правилникот, што не е случај со објавената документација“.

Исто така, истакнато е дека објавената техничка документација во сите случаи не е ниту потпишана со електронски потпис, односно не е во форма која ја пропишува Правилникот за централната евиденција на наведената процедура.

На веб-страницата на Владата на Србија се објавени 195 документи на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, кои се однесуваат на можното извршување кривично дело во врска со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Next Post

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон помина

НАЈНОВО

фото:Х

Кинеската и руската морнарица во заедничка поморска патрола во западен Пацифик

August 21, 2025
фото: Принтскрин ЈуТјуб Канал 13

Зеленски: Украина ќе започне со масовно производство на крстосувачките ракети „Фламинго“

August 21, 2025

ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk