ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дел од европските лидери незадоволни од одлуката на Фон дер Лајен да го потпише трговскиот договор со Меркосур

December 19, 2024 13:13
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако тоа не е дел од официјалниот дневен ред на Самитот на ЕУ што денеска се одржува во Брисел, не е исклучено дел од лидерите да го покренат и прашањето за „едностраните потези“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со нејзината одлука да го потпише договорот за слободна трговија меѓу Унијата и јужноамериканската економска заедница Меркосур, потег кој таа го оцени како „историски“.

Дел од земјите членки, пред се Франција, не се согласуваат со договорот, бидејќи сметаат дека тој ќе му нанесе штети на европскиот земјоделски сектор, со тоа што ќе овозможи слободен увоз на евтини земјоделски призводи од Јужна Америка, чии производители не се обврзани на почитување на строгите правила кои важат за земјоделците во ЕУ и им носат дополнителни трошоци.

Европски дипломат, кој побарал анонимност, во изјава за бриселскиот портал „Политико“ вели дека со одлуката за потпишување на договорот со Меркосур, Фон дер Лајен „отишла подалеку од кој било друг претседател на Комисијата досега во толкувањето на нејзините надлежности“.

Францускиот претседател Емануел Макрон жестоко се спротивставува на договорот, стравувајќи дека тој ќе им наштети на земјоделците и ќе го поттикне „гневот против естаблишментот“. Макрон, сепак, нема да учествува на денешниот Самит на ЕУ, бидејќи ќе ја посети француската прекуморска територија во Индискиот Океан, Мејот, која неодамна беше погодена од разурнувачки циклон.

Инаку, ова не е првпат Европската комисија предводена од Фон дер Лајен да носи одлуки со кој не се согласуваат Германија или Франција, како две најголеми земји во ЕУ. Така, претходно ЕК воведе дополнителни царини за увоз на кинески електрични возила, потег на кој се противеше Берлин.

Дипломатски извори, посочуваат дека Фон дер Лајен изградила репутација на некој кој носи еднострани одлуки, ги пречекорува своите овластување и ги занемарува лидерите на ЕУ при донесување решенија за клучни прашања, како на пример санкциите против Русија. Според нив, дополнителни фрустрации во Берлин и Париз предизвикува тоа што Фон дер Лајен успеа да протурка некои решенија и покрај противењето на Германија или Франција.

Според друг европски дипломат и покрај дневниот ред на Самитот, на маргините на собирот и во кулоарите на Советот на ЕУ вистинските дискусии ќе бидат за тоа „да каде може да оди Фон дер Лајен“.

Нејзините поддржувачи сметаат дека таа се однесува онака како што треба да се однесува вистински европски лидер – да ги поддржува европските пред индивидуалните национални интереси.

Сепак, некои европски претставници сметаат дека постојат „црвени линии што не треба да се преминат“. Така неколкумина лидери веќе побарале од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да ја „прераспредели рамнотежата на моќта“ меѓу Комисијата и земјите членки на ЕУ.

– Раководството на Европскиот совет е во хаос и таа го користи тој во вакуум. Тоа е коцкање што таа е подготвена да го преземе. Но, тоа е ризично коцкање, ако се знае колку договорот со Меркосур е чувствителен за Французите и сега тоа (одлуката на Фон дер Лајен) претставува речиси јавно понижување за нив, посочи европскиот дипломат за „Политико“.

Дипломатски извори додаваат дека ако сака успеси во нејзиниот втор мандат, Фон дер Лајен ќе мора на „својата страна“ да ги држи клучните земји на ЕУ.

Главен предизвик во тој правец ќе биде постигнувањето договор за новата седумгодишна буџетска рамка на ЕУ за од 2028 година, во услови кога ЕК инсистира на зголемени трошоци за одбраната и зелената транзиција, што не наидува на поддршка во сите земји членки на блокот.

Next Post

Затвор и парична казна за синот на Здравко Мамиќ во аферата Динамо

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk