ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Прилеп го одбележува „Свети Никола“ – патронот и заштитникот на градот

December 19, 2024 14:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Општина Прилеп

Фото: Општина Прилеп

Share on FacebookShare on Twitter

Прилеп денеска го одбележува големиот христијански празник „Свети Никола“ – патронот и заштитникот на град Прилеп.

– Овој ден е симбол на љубов, заедништво и добрина, празник кој што не обединува сите, и како домаќини во нашите домови и како драги гости тука каде што заедно го споделуваме празничниот дух, објави градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

„Како град, имаме привилегија и чест да ја чуваме оваа традиција веќе 18 години по ред, традиција што нè обединува и ја нагласува нашата верба и култура. Свети Никола е симбол на хуманост, добротворност и грижа за немоќните и сиромашните. Неговото дело е патоказ и инспирација како да ја градиме нашата заедница врз основа на добрината, разбирањето и солидарноста. Оваа година, Локалната самоуправа на Општина Прилеп ја имаше честа да биде домаќин на градската слава. Со голема посветеност, се потрудивме да го одбележиме празникот достојно, во духот на нашите вредности и традиции. Веруваме дека оваа заедничка радост, оваа поврзаност меѓу институциите и граѓаните, е темелот на силен и успешен Прилеп“, истакна Јовчески.

Со задоволство најавуваме, вели градоначалникот, дека идната година, домаќини на градската слава „Св. Никола“ ќе бидат реномираните прилепски компании „Матадор“ и „Бимфуд“. Нивната посветеност во градот, трудот и вложувањата се пример за тоа како приватниот сектор и заедницата можат заеднички да напредуваат и да го зачувуваат духот на нашата традиција.

„Традицијата е нашиот идентитет. Прилеп бил и ќе остане град што ја негува верата, историјата и културата. Нашата должност е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации. Локалната самоуправа ќе продолжи со вложувања во развојот на културата, духовноста и локалните традиции, со цел Прилеп да остане горда и препознатлива дестинација за секој добронамерен гостин“, истакна Јовчески.

Фото: Општина Прилеп

Tags: ПрилепСвети Никола
Next Post

Зголемена побарувачка на вода во маркетите по најавата за прекин во Скопје

НАЈНОВО

Најголемите кражби на уметнички дела и накит во историјата

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk