ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски и Јехона Ајрадини во Софија

December 19, 2024 10:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Урбани трансформации“ на ликовните уметници Благојче Наумоски и Јехона Ајрадини, на која ќе бидат претставени сликарски дела, изработени во акрилна и комбинирана техника.

Како што соопшти Центарот, проектот се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде што преку акрилната техника на платно се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот.

-Моите дела го истражуваат архитектонскиот јазик на брутализмот преку апстрактна трансформација на просторот, материјалноста и волуменот. Со ова, се стремам да создадам визуелен јазик кој го доловува суровиот карактер на бруталистичката архитектура, притоа истакнувајќи ја моќта на геометријата и минимализмот во контекст на урбаните пејзажи. Брутализмот претставува естетика која е и ригидна и динамична, парадокс на монументалното и човечкото…, истакнува Наумоски.

Тој дипломирал во 2007 на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, насока сликарство во класата на проф. Рубин Корубин, во 2009 година магистрирал сликарство кај проф. Јован Шумковски. Од 2007 година членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а во моментов е вонреден професор и продекан на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје. Имал 22 самостојни изложби, учества во повеќе групни изложби и на ликовни колонии.

Јехона Ајрадини дипломирала во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, на насока графика со графички дизајн под менторство на професорот Зоран Јакимовски, и на магистерски студии (етнолог-антрополог) на Институт за етнологија и антропологија. Во 2007 година почнала да работи како професор по ликовна уметност, до 2020 година работела како раководител на уметничката програма во Албанскиот национален ансамбл во РС Македонија. Учествувала на меѓународни изложби, како и во  повеќе проекти за недвижно културно наследство во земјава.

Next Post

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk