ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина

December 19, 2024 11:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Володимир Зеленски, Фото: Принтскрин

Володимир Зеленски, Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

За Украина е особено важно од почеток на следната година да постои единство меѓу САД и европските земји, порача украинскиот претседател Володомир Зеленски пред почеток на денешниот Самитот на ЕУ во Брисел.

– Тоа е особено важно, затоа што тоа единство ни е потребно за да обезбедиме мир. Само заедно, САД и Европа навистина ќе може да го запрат (рускиот претседател Владимир) Путин и да ја спасат Украина, изјави Зеленски при доаѓањето на Самитот во придружба на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Зеленски притоа се заблагодари за европската поддршка за украинскиот народ и го поздрави единството што постои во ЕУ по ова прашање, нагласувајќи дека со европските лидери ќе разговара за итните потреби на Украина во зајакнувањето на нејзината инфраструктура.

– Наш врвен приоритет, и за тоа ќе разговараме денес, е заштита на нашиот енергетски сектор. Тука говорам и за сигурноста на нуклеарните централи, што може да претставуваат опасност не само за Украина, туку и за Европа ако нешто тргне како што не треба, како и за заштитата на складиштата со гас, кои исто така се важни и за Украина и за другите Европејци, рече Зеленски.

Тој додаде дека, според него, потребно е и удвојување или зголемување колку што е можно повеќе на украинското одбранбено производство од што зависи резултатот на бојното поле, како и обезбедувањето на сигурноста на училиштата, што е особено важно за украинските деца и нивните семејства.

Кошта од своја страна порача дека ЕУ мора да бидеме многу јасна дека Украина може да смета на нејзината целосна поддршка за што и да e и онолку колку што е потребно и сега во време на војна и во иднина во услови на мир.

– Би сакал еден ден да и посакам (на Украина) добредојде како членка на Европската Унија, изјави Кошта.

Тој потенцира дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува и да работи со Украина за таа да извојува победа во војната и да обезбеди сеопфатен, праведен и одржлив мир.

– Оваа војна е во Украина, е против украинските граѓани, е на европска почва и ги крши универзалните принципи наведени во Повелбата на Обединетите нации, како правото на самоопределување, правото на територијален интегритет и право на безбедни граници. Затоа оваа војната не е само за Украина и не е само за Европа, туку е и за меѓународното право. Правото мора да надвладее и инвазијата мора да биде поразена, изјави Кошта.

Тој нагласи дека денес повеќе не живееме во биполарен, туку во мултиполарен свет и затоа ЕУ треба „да гледа подалеку од Европа“ кон различните континенти и да гради многу силна глобална мрежа со сите партнери низ светот – од Нов Зеланд, до Бразил.

– Тоа е многу важно за нашата заедничка иднина во мир и просперитет и за отстранување на заедничките глобални предизвици, како што се климатските промени, управувањето со океаните, развојот и изградбата на нова меѓународна архитектура, додаде Кошта.

Зеленски учествува на делот од Самитот на ЕУ посветен на состојбата во Украина и треба да ги информира своите колеги за најновите случувања на теренот и за неговите ставови за тоа како Европа може најдобро да ја поддржи неговата земја.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Фатени двајца бегалци од затвор

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk