ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерството за социјална политика, демографија и млади идната година ќе има буџет од 68,15 милијарди денари, oбезбедени средства за зголемени пензии, социјални надоместоци и услуги и капитални инвестиции

December 20, 2024 12:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за социјална политика, демографија и млади за наредниот едногодишен период на располагање ќе има 68,15 милијарди денари, односно шест проценти повисок износ во споредба со оваа година. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за исплата на правата од пензиско и инвалидско осигурување и зголемување на пензиите, како и за инвестиции и исплати за социјална и детска заштита, истакнаа министерот Фатмир Лимани и заменикот министер Ѓоко Велковски на денешната прес-конференција на која го претставија буџетот за 2025 година.

– Со предлог-буџетот за 2025 предвидени се 47,8 милијарди денари, односно околу 700 милиони евра за исплата на пензии и тоа претставува зголемување за 8 милијарди денари во споредба со 2024 година. Се грижиме и за граѓаните кои се во социјален ризик, а за 2025 година обезбедивме 14,5 милијарди денари за исплата на правата од социјална и детска заштита и бегалци и азиланти, што е околу 100 милиони денари повеќе во однос на буџетот од 2024 година и зголемен е износот на одделни права со порастот на трошоците за живот. Обезбедивме 275,3 милиони денари, односно околу 4 милиони евра за довршување или започнување инвестиции, изградба и опремување на нови детски градинки, домови за стари лица и други објекти за социјална заштита, како и за трансфер на средства до општините за капитални инвестиции, истакна министерот Лимани.

Со капиталните инвестиции за детска заштита опфатени се 16 објекти во општините Чаир, Могила, Дебар, Гевгелија, Карбинци, Делчево, Прилеп, Гази Баба, Валандово, Желино, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Теарце, до крајот на годината ќе се вложат средства во 25 детски градинки, како и во девет објекти за социјална заштита.

-Министерството е отворено за нови апликации од општините за изградба, реконструкција, адаптација и опремување на објекти за социјална и детска заштита. Дополнително се охрабруваат општините да аплицираат на следниот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти од потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините. За следната година со буџетот обезбедуваме дополнителни 300 милиони денари, односно околу 4 милиони евра за блок дотации кон општините за непречено функционирање на постојните капацитети на детските градинки и објекти од социјална заштита, домовите за стари лица, како и за нови капацитети за згрижување и воспитување на деца во детските градинки. За оваа намена предвидени се 3,6 милјарди денари, односно околу 50 милиони евра. Во буџетот на Министерството следната година за проекти финансирани со заеми од Светска банка предвидени се 6,5 милиони евра за активностите од проектот за подобрување социјалните услуги, втор проект за подобрување на социјалните услуги и проект за администрација на социјално осигурување, додаде министерот Лимани.

Заменик-министерот Ѓоко Велковски најави две клучни реформи што Министерството ќе ги реализира во наредната година, а што треба да обезбедат поголема транспарентност, одговорност и правичност во социјалната заштита.

– Првата реформа е дигитализација на социјалните услуги и во тек е воспоставување унифициран систем за социјално осигурување што ќе овозможи на сите релевантни институции како што се УЈП, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување и на центрите за социјална работа. Овој систем е софтверско решение во соработка со Светска банка и автоматски ќе ги открива злоупотребите при исплата на социјалната помош. Овој дигитален систем ќе овозможи полн увид во податоците и ќе спречи повторување на ваквите неправилности, ќе ги обедини податоците за сите осигуреници со цел да обезбеди ефикасност и транспарентност.  Исто така, завршува со развој  и СВИС – единствениот софтвер кој ќе ги обедини сите социјални права и услуги, додека центрите за социјална работа ќе бидат опремени со потребната ИТ опрема за негово нормално функционирање. Втората реформа на социјалниот систем е имплементација на платежната картичка за корисниците на социјална помош која преку 50 проценти од средствата ќе може да ги користат исклучиво за купување на македонските производи. Со оваа мерка не само што ќе ја стимулираме домашната економија, туку осигуруваме и одговорно управување со јавните ресурси, истакна заменик-министерот Велковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски, обвинителството се откажа од обвинението

July 3, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Ребалансот на буџетот: Луксуз и долгови – се земаат пари од граѓаните за да се покрие луксузот на Владата

July 3, 2025

Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk