Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот кандидат за премиер Франсоа Бајру синоќа одржаа состанок во Елисејската палата како дел од финализирањето на кабинетот на Бајру, што се очекува да биде објавено денеска или утре, јавија француските медиуми.
Бајру е шестиот премиер за време на годините на власт на Макрон. Тој беше номиниран за функцијата по падот на владата на Мишел Барние, на која и беше изгласана недоверба во Парламентот поради буџетот за следната година.
Бајру одржа голем број консултации затоа што сака најотворен можен тим, вклучувајќи влијателни фигури и од левата и од десната страна, но и од центарот. Целта е Владата да одговори на итните предизвици со кои се соочува земјата, особено за буџетските прашања.