Синоќа во Србија се одржаа големи студентски протести. Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.
Повеќе десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, јави Бета.
Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВН1.
Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и Загреб.
Студентите во Србија најавија протест во Белград на кој ќе се приклучат и земјоделци, актери, граѓани. Тие заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.
Своето присуство на протестот го најавија земјоделците и актери како форма на поддршка за студентите.
Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патишта бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.
На протестот, како што е најавено, ќе се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека нема да има преодна влада, за која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“.
„Многупати сме ги победиле. Повторно ќе ги победиме и ќе ги победиме поубедливо од било кога и ќе ги победиме затоа што работиме за народот и затоа што го имаме народот…Велат потпишете преодна влада, мислат да дојдат на власт без избори. Нема ништо од тоа. Србија незапирливо се движи кон иднината и никој нема да не спречи на тој пат“, рече Вучиќ.