ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска

December 27, 2024 11:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска. Основани се сомнежите за судир на интереси по скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома. Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки.  Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзината независност и објективност при одлучувањето. истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата која ја издала спорната диплома, рече Кузеска.

Таа нагласи дека воопшто не е важо дали е платена за тоа или не.

„Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од Универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година. Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси, што е во спротивност со Етичкиот кодекс на ДКСК, каде што јасно е наведено дека членовите не смеат да одлучуваат за предмети каде постои судир на интереси (член 9). Не смее да има ниту најмал сомнеж за конфликт на интерес кај оние што треба да се борат против конфликт на интерес. Ристовска требало да биде изземена од овој случај. ДКСК треба да биде пример а не да остава впечаток дека штити било кого. Пиши-бриши постапките на Универзитетот за туризам и менаџмент дополнително ги подгреваат сомнежите дека намерата е нешто да се сокрие од јавноста.  Ако се било чисто, зошто по објавувањето на информациите во медиумите за судир на интереси Ристовска беше избришана од составот на универзитетскиот кадар? За вчера повторно да биде вратена на интеренет страната на Универзитетот“, рече Кузеска.

„СДСМ бара итно:

– Оставка на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата, поради судир на интереси кој ја загрозува кредибилноста на ДКСК.

– Повлекување и преиспитување на одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ.

– Расчистување на прашањето за евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.

Институциите мора да работат во интерес на граѓаните и со највисок интегритет. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани. Затоа, бараме итни и  конкретни мерки кои ќе ја вратат довербата на граѓаните“, рече Кузеска.

Next Post
Unsplash

Нова година низ светот: Од полноќни огномети до традиции кои се одбележуваат дури во април

НАЈНОВО

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk