ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието го донесе Законот за учебници во основно и средно образование, усвои и повеќе закони од различни сфери

December 27, 2024 20:54
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните.

Поддршка од пратениците добија и неколку закони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Законот за изменување на Законот за музеите, Законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, како и Законот за изменување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

На седницата беа усвоени и Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за Националната рамка на квалификации, Законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар на население, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронско управување и електронски услуги, Законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, Законот за изменување на Законот за административните такси, Законот за изменување на Законот за даночна постапка, Законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за изменување на Законот за трансформација во редовен работен однос, Законот за изменување на Законот за државната ревизија, Закон за изменување на Законот за хартии од вредност, Законот за изменување на Законот за Управата за јавни приходи, како и Законот за изменување на Царинскиот закон.

„Зелено светло“ добија и Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај ЕУ по Договор за заем за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, по скратена постапка -Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги и Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги.

Донесени беа и Законот за изменување на Законот за данок на моторни возила, Законот за изменување на Законот за вршење работи за застапување во царинските постапки, Законот за изменување на Законот за царинската управа, Законот за изменување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија, Законот за изменување на Законот за управување со отпад, Законот за изменување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, Законот за изменување на Законот за генетски модифицирани организми, Закон за изменување на Законот за водите, Законот за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за изменување на Законот за заштита на природата, Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Законот за изменување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за изменување и дополнување на Законот за општа безбедност на производите, Законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, Законот за изменување на Законот за основање на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk