ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Го допре ли дното „таканаречената“ Антикорупциска?

December 28, 2024 16:15
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ / ЦИВИЛ МЕДИА

Воопшто не се обидувајте да одговорите, ова не е прашање на денот, овојпат прашањето е чисто реторичко. Од досегашното искуство со различни состави во „таканаречената“ Антикорупциска, со сигурност може да потврдиме дека ДКСК секогаш може да падне уште пониско, пробивајќи го дното со секое ново небулозно соопштение што ќе го објави.

Таман помисливме дека примерот на поранешниот претседател на ова антикорупциско тело, Горан Миленков, кој за време на неговот мандат, во 2016 година,  криејќи го анкетниот лист на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од новинарите .и јавноста, ќе ја даде „легендарната“ изјава: Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме ЗА ВЕК И ВЕКОВ, АМИН“, ќе биде некоја „црвена“ или подобро кажано, „црна“ линија под која антикорупционерите во иднина нема да одат, и… ТАГАУ (ви звучи познато, нели), стигна ново пробивање на дното. Овојпат во ликот и делото на Цвета Ристовска, членка на ДКСК со (до вчера) тесни врски со Факултетот за туризам – Универзитет „Скопје“, каде предавала, била член на управен одбор, асистентка на деканот, и сосема случајно, токму на неа ѝ бил доделен предметот за Христовски, во кој по анонимна претставка беше оспорена и факултетската диплома од Универзитетот „Скопје“.

И нормално, Антикорупциска одлучи по предметот кој го водеше Цвета и  по нејзин предлог, одлуката се отфрла, по што Ристовска ноншалантно соопштува дека со дипломите на директорот на АНБ се е Оу-Кеј.

Ма каков судир на интереси, какви бакрачи. Ко то каже, ко то лаже, па Цвета е честа како…цвет. И по силните реакции на јавноста, наместо ДКСК едноставно да се самораспушти, продолжи да се посипува со пепел, изнесувајќи небулозни тврдења дека Цвета не била дел од наставниот кадар, ама сепак била, но целата нејзина активност во дотичниот универзитет – предавањата, членството во управниот одбор, улогата на асистентка на деканот- го вршела про боно, што ќе рече за беспари, за џабе. Изгледа дошло време за наплата.

Ах да, за малку ќе заборавев. Како дел од претставката поднесена за директорот на АНБ која ја отфрли ДКСК, и Цвета Ристовска, е и ТОЕФЕЛ сертификатот на Христовски од училиште за англиски јазик во Пловдив кое веќе не постои, а и додека постоело немало лиценца за издавање такви сертификати, епа и Цвета поднела доказ за познавање јазик, за кој јавноста прашува дали е од истата продавница за сертификати од Пловдив, и го бара на увид.

Се чини дека ДКСК, возобновувајќи ја недопирливоста на функционерите од новата владејачка номенклатура, во истата „каста“ си ги става и сопствените членови.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од ЦивилМедиа
Next Post

СЗО го осуди израелскиот напад врз клучната болница во Газа: Овој хорор мора да заврши

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk