Веднаш откако стапи на должност, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со неговиот заменик Исени во МВР „вдомиле“ 23 советници за кои граѓаните секој месец ќе ги плаќаат со плати и недомсетоци од околу 1 милион денари.
Како што пишува Рацин.мк, дел од овие советници на министерот и на заменик министерот се со плати и до 66 илјади денари.
Но, ставањето на партијата во прв план се виде уште по доаѓањето на Тошковски на функцијата, кога го ослободи бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец.
„Во согласност со информациите што ги имам добиено, тоа лице ќе биде суспендирано од работа сѐ до донесување правосилна пресуда, а таа ќе биде донесена во рамките на постапка по наредба на јавен обвинител, а МВР, се надевам, во текот на овој ден ќе поднесе кривична пријава за напад на службено лице. Во однос на МВР таа постапка е експресно завршена како никогаш досега“, одговори министерот.
Но, наместо секој кој згрешил да одговара, како што вели Тошковски, девет месеци подоцна, Ивица Бисовски, кој беше дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, и кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, министерот за внатрешни работи Тошковски го ослободи од одговорност.
Тошковски исто така, му остана должен извинување на новинарот Фуркан Салиу, кој беше уапсен од единицата за брзо распоредување по наредба на началници во МВР назначени од, тогаш, техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.
Фуркан Салиу во тој период беше во фокусот на јавноста откако објави протечени документи и оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ за влијание во изборниот процес.
Случајот за апсењето на Салиу на суд, а во постапката беше докажано дека новинарот Салиу не е виновен по ниту еден основ за кои беше обвинет. За време на овој случај министерот за внатрешни работи вети дека ќе му се извини на новинарот доколку се докаже дека не е виновен. Судот докажа дека Фуркан Салиу не е виновен, а Тошковски не се извини.