Најмалку 149 луѓе загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, според локалните пожарникари и спасувачки службеници, во најголемата воздушна катастрофа во земјата во последните децении, пренесува Си-Ен-Ен.
На снимката се гледа како авионот се лизга на трупот пред да се запали. Локалните пожарникари и воздухопловните експерти велат дека е веројатно некаков дефект на опремата за слетување. Пилотот, исто така, упати повик за опасност, веднаш откако контролната кула предупреди за птиците во областа.
Две лица се извлечени од урнатините, и двајцата членови на екипажот. Сепак, спасувачите предупредија дека не очекуваат да најдат уште многу преживеани од пеколот.
Авионот Џеџу Ер превезувал 175 патници и шест членови на екипажот кога несреќно слета на аеродромот во округот Муан. Сите во авионот биле јужнокорејци, освен двајца тајландски државјани.
Авионот, наведен како Боинг 737-800 на FlightAware, патувал од Бангкок, Тајланд. Аналитичарите велат дека и Боинг 787-800 и Jeju Air, најголемата јужнокорејска нискобуџетна авиокомпанија, имаат силно безбедносно досие.
Ј. Ѓ.