Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска вчера во Дневникот на Сител изјави дека, според неа, членката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Цвета Ристовска, треба веднаш да си поднесе оставка за случајот со дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, секако, ако дотичната има и малку морал?
„Ова веќе е работа на Обвинителство. Ако оваа членка има и малку морал треба веднаш да си поднесе оставка. Оваа цела работа треба да ја преиспита Обвинителство според мене“, ќе изјави Ивановска.
Зошто се потребни вакви прашања околу моралната етика на членката на Антикорупсциск, истовремено и член на наставниот кадар и управниот одбор на Факултетот за туризам – Универзитет „Скопје“ кој ја издал спорната диплома на директорот на АНБ, и асистентка на деканот кој е потписник на истата диплома?
Зошто непотребни прашања, кога одговорот е јасен.
Што се однесува до моралот, Цвета Ристовска едноставно – морала.
Како во една репликата од култниот македонски филм „Среќна нова ‘49“: „Пиги, морално беше“.
Епа Среќна Нова 1949… пардон, 2025 година.
Преземено: Цивил Медиа