Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина на село Рашче и од него се извадени тела на три женски лица. Потрагата по четврто машко лице кое најверојатно излетало од возилото во водите на Вардар продолжува, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
– Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар. На местото на настанот се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната помош и локални жители.
Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.
Поврзано:
Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар