Вкупното богатство на 500-те најбогати луѓе во светот за првпат ја надмина бројката од 10 трилиони долари, објави Блумберг повикувајќи се на својот индекс на милијардери за 2024 година.
За една година тие станале побогати за 1,5 трилиони долари.
Главен дел од ова покачување на богатството е кај технолошките компании. Меѓу првите десет најбогати бизнисмени има само двајца претставници од други сектори. Тоа се основачот на луксузниот холдинг LVMH, Бернар Арно (петто место), и десетиот во списокот, инвестициониот гуру Ворен Бафет од Berkshire Hathaway. Сите дестмина се од САД, освен Французинот Арно.
Илон Маск, основачот на Тесла и СпејсЕкс, води со голема предност или 432 милијарди долари. За една година, неговото богатство се зголемило за 203 милијарди долари. На второ место е Џеф Безос од Амазон (239 милијарди долари), а на трето е Марк Цукерберг (компанијата Meта, 207 милијарди долари). Овие тројца, како и основачите на другите технолошки гиганти – Џенсен Хуанг (Nvidia), Сергеј Брин и Лари Пејџ (Гугл), Лари Елисон (Oracle) и Мајкл Дел (Dell) – го предводат списокот на милијардери чии богатство пораснало најмногу за една година. Овие компании чинат 4 отсто од вкупното зголемување на богатствата на милијардерите и обезбедија повеќе од половина од растот на индексот на берзата S&P 500, кој за една година порасна за 24 отсто, забележува Блумберг.
Меѓу 500-те милијардери има и 54 Кинези, 25 Руси и 15 Британци.