ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Напуштањето на вучиќевизмот во македонската политика е прв чекор во борбата против структурната инфлација

January 5, 2025 18:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Напуштањето на вучиќевизмот во македонската политика е прв чекор во борбата против структурната инфлација

Економска, но и образовна, правосудна и политичка.

Така ќе се прекине реплицирањето на југословенскиот модел од 1981 сосе неговиот економски и системски распад.

Структурната инфлација е економски поим. Упростено, таа е последица на збирот на неконкурентно домашно производство, несоодветна инфраструктура, висока цена на услугите и непродуктивно концентрирање на работна сила во администрација.

Овој збир не создава ниту доволна основна ниту додадена вредност, а ги прави јавните буџети неодржливи и зависни од странски помошти, дотации и кредити – чие враќање повторно зависни од јавно задолжување.

Вишокот од околу шест-седумдесетина илјади административци кои не создаваат низ производството и услугите ги „јаде“ стимулативните плати како за администрацијата, така и за образованието, одбраната, судството, безбедноста…

Овие подсистеми функционираат „колку да се каже“ и генерираат нефункционален систем зависен од политичкото планирање на јавните расходи за социјален мир втемелен на партиска лојалност. Со тоа економијата оди под минимум и нема ни социјален мир.

Партиските „тендеристи“ во меѓувреме изигруваат посредници кои ги вградуваат своите и партиските провизии во поскапените јавни набавки, а економијата станува се позависна од „капиталните инвестиции“ и јавните набавки.

За тоа време градежништвото се помалку е „мотор“ на економијата: високоградбата го ѕида „градежниот балон“, нискоградбата зависи од обврските на ВМРО-ДПМНЕ за кочење на коридорот 8, а истото се случува со енергетската, особено гасната инфраструктура.

Од истите политички мотиви Владата ја постави во условеност гасната интерконекција кон Грција со продолжување на гасоводот кон Србија и Средна Европа и – посредно – во логистичка поддршка на условувањето на гасификацијата на Босна и Херцеговина од Белград.

Од 2011 до денес Северна Македонија како „горда членка на Отворен Балкан“ изгради околу два-триста км. автопат, 50 км. автопат Кичево-Охрид се градат десетта година, а партиите се борат за ловорики за триесетина километри експресен пат Ранковце-Крива Паланка.

За тоа време Балтикот е поврзан со Егејот од Полска преку Унгарија до Грција – но не преку Северна Македонија или Србија, туку преку Бугарија и Романија, „Шенген-држави“ од пред 5 дена.

Слаба утеха се „унгарските кредити“: вакви тие се само инвестиција на власта во локалните избори и во партнерството со Стопанската комора: нејзините големи компании повторно се корисници на кредитите – за кои добар дел од каматите ги плаќа секој од нас од данокот, без да имаме профит од тоа.

Впрочем да беа на потребното ниво – тие одамна ќе инвестираа во својот технолошки развој на пр.

Вака југо-советските тајкуни од 1990-тите и оние „10 фамилии“ за кои зборуваше поранешниот француски амбасадор во Скопје, Тимоние – повторно се наградени, а малите и средните претприемачи повторно се казнети: еднаш исклучени од приватизацијата, сега од фактичкото државно кредитирање на компаниите.

Истото се однесува на правосудството. Наследниците на последниот сојузен министер за правосудство на распаднатата федерација не се гаранција за квалитетот и независноста на судството. Партиските кадри во безбедноста не можат се носат со предизвиците на безбедноста на начин како што тоа се очекува од земја-членка на НАТО. Образованието останува сегмент во кој знаењето е второстепено во однос на вештината, дипломата има значење на административна хартија, наставниот кадар е платежно сведен на рутина, а учениците се сведени пред изборот да потонат во сивилото или да побараат излез во иселување.

Затоа ефектите по првите шест месеци од владите на Заев и Мицкоски се исти: 174 деца се отпишани ова полугодие само во Куманово. Сосе семејствата секако не се преселени во Гевгелија или Гостивар – туку во Германија и други западни земји.

Сето до сега наведено во Северна Македонија е реплика на партиско-корпоративниот модел на организација на државата под Вучиќ во Србија.

И како што Мицкоски или Филипче немаат бројки на „лојалисти“ за расфрлање, медиумите на југо-советската тајкунерија на македонски во координација со нивните партии се потешко можат да ги одмолчат процесите во Белград, Ниш, Нови Сад, Лесковац, Крагуевац… се до Бањалука – надевајќи се дека процесите ќе ги одминат за се да остане по старо.

Напуштањето на вучиќевизмот како водилка на политиката кај нас, Македонците, е нужност.

Показател дека е разбрана оваа порака е спроведувањето на обврските од Преговарачката рамка.

Тоа значи поднесување и усвојување на дополнувањата на Преамбулата во Собранието, односно продолжување на пристапниот процес и recoupling на Скопје со Тирана во процесот на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Овој процес го препознавме уште лани и затоа го поставивме 15 јануари 2025 како временска одредница за поднесување на потребниот уставен амандман.

Преку подготвеноста да се деблокира процесот на интеграции со кој Скопје се одвојува од Белград и се спојува со Брисел – ќе знаеме со кого нацијата на Северна Македонија, вклучително македонскиот народ и Движењето за нова република (не) може да прави сојузништво за остварување на националните интереси и приоритети.

И, во тој процес, ниту (партиите на) Албанците ниту (партиите на) припадниците на другите народи во Северна Македонија веќе не се „дежурни виновници“.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ивон величковски

НАЈНОВО

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk