ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Невреме во Британија: Обилните снежни врнежи предизвикаа прекини во воздушниот и патниот сообраќај

January 5, 2025 11:07
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта предизвикаа прекини во воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија, каде продолжува студениот почеток на новата година, јави ДПА.

На Англија и на Велс им се издадени две жолти временски предупредувања од Метеоролошката канцеларија, при што се очекува во поголемиот дел од тие региони да има снежна покривка од три до седум сантиметри, која на моменти се меша со дожд на пониските места. Предупредувањето за снег и замрзнат дожд, кој ќе покрие голем дел од Велс и средна Англија до градот Манчестер, е во сила до денеска напладне.

Според метеоролозите, на повисоките делови на Велс и јужниот дел на Пенините може да има меѓу 15 и 30 сантиметри снег,  но поблагиот воздух ќе доведе до брзо топење на снегот на југ до крајот на денот.

Второто жолто предупредување за опасност поради снежните врнежи, кое се однесува на поголемиот дел од северна Англија, вклучувајќи ги Лидс, Шефилд и Лејк Дистрикт, е во сила до денеска на полноќ. Британската метеоролошка служба соопшти дека некои региони во провинцијата на висина над 300 метри би можеле да бидат отсечени од светот со 40 сантиметри снег пред условите да се подобрат подоцна вечер.

Аеродромот во градот Бирмингем синоќа ја прекина работата на неколку часа „од безбедносни причини и за расчистување на снегот“, но утрото беше пријавено дека работи. Аеродромот во Бристол, кој беше затворен вчера, повторно беше отворен синоќа околу 23 часот, но има предупредувања за доцнење на летовите утринава. Двата аеродроми, како и меѓународниот аеродром во Белфаст, ги повикаа патниците да контактираат со нивните авиокомпании пред да патуваат.

Британската служба за патишта издаде предупредување дека на патиштата во северна Англија може да паднат 25 сантиметри снег.

Tags: Велика Британијаневреме
Next Post
Фото: Julie Ricard / Unsplash

„Дигитални деменции“ - И возрасните луѓе ќе ги намалуваат способностите поради премногу гледање во телефонските екрани

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk