За прв пат во нејзината 45-годишна кариера, Деми Мур освои голема филмска или ТВ награда, земајќи го Златниот глобус за најдобра изведба на женски актер во филм, мјузикл или комедија за нејзината улога во „Супстанција“ (The Substance). И покрај улогите во филмови како „Дух“, „Г.И. Џејн“ и „Непристоен предлог“, ѕвездата никогаш не победила, и покрај двете претходни номинации за „Глобус“ и една за „Еми“ наградите.
Во инспиративниот говор кој беше еден од главните моменти на церемонијата на доделување награди, Мур рече дека оваа победа е потврда дека таа повеќе не е само „popcorn“ актерка и дека ја заслужува секоја минута од нејзините ловорики.
„Јас сум многу понизна и толку благодарна. Пред 30 години имав еден продуцент кој ми кажа дека сум „popcorn“ актерка, а тоа значи дека можам да снимам филмови кои се успешни и направени да земат многу пари, но за тоа јас да не добивам признание“, рече Мур. „И верував во тоа. Тоа ме кородира со текот на времето, до точка каде што мислев пред неколку години, можеби ова беше тоа, можеби бев комплетна, можеби го направив она што требаше да го направам“.
Мур рече дека била на „ниска точка“ во нејзиниот живот и кариера сè додека не ѝ дошло „магичното, смело, храбро, надвор од кутијата, апсолутно збунувачки сценарио“ за „Супстанција“.
„Универзумот ми кажа – не си готова“, рече Мур.
Мур се заблагодари на својата режисерка Корали Фаргет, на Маргарет Квали и на луѓето кои биле со неа во последните 30 години.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…