ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД

January 7, 2025 09:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Претседателот на САД, Џо Бајден, забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на крајбрежјето на САД, а во обид да го зацементира своето еколошко наследство. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп пак ветува обнова во САД на ископувањата на јаглеродни енергетски ресурси како јаглен, нафта и гас.

Забраната се однесува главно на подрачја без значајни наоѓалишта, особено во Атлантскиот и Тихиот Океан, источниот дел на Мексиканскиот Залив и делови од северниот дел на Беринговото Море на Алјаска. Забраната ќе опфати водна површина од 625 милиони акри (253 милиони хектари).

Бајден се повикува на  Законот за надворешни континентални шелфови донесен пред 70 години. Мерката е дел од напорите за борба против климатските промени со цел до 2030 година да се заштити барем 30 отсто од американските копнени и водни површини, изјавија синоќа од Белата куќа.

-Моето решение го рефлектира она што одамна е познато кај крајбрежните заедници, бизнисите и љубителите на плажите: дупчењето во близина на брегот може да нанесе непоправлива штета како истекување на нафта во местата кои значат многу и е непотребно во однос на задоволување на енергетските потреби на нашата земја, се наведува во изјавата на Бајден. „Тоа не вреди да се прави поради големите ризици.“

Според Управата за енергетски информации, околу 15 отсто од производството на нафта во САД доаѓа од федерални морски подрачја, главно во Мексиканскиот Залив. Но во изминатата деценија се постигна бум во производството на нафта и со развојот на копненото дупчење.

Моментално, САД се на прво место во светот по производство на нафта и гас, благодарение на подемот на дупчењето во сојузните држави како Тексас и Ново Мексико со усовршени технологиите за дупчење и зголемената побарувачка по почетокот на руската инвазија на Украина.

Изјавата на Бајден доаѓа во време кога Трамп вети укинување на политиката на претходната администрација за заштита на природата и борба против климатските промени, како и обнова на ископувањето на јаглен, нафта и гас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп, четири години по упадот во Капитолот на 6 јануари

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Утрово грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

October 19, 2025

Зеленски: За една недела Русија употреби речиси 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 наведувани воздушни бомби против Украина

October 19, 2025
Скриншот

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11:15 часот

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk