ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

January 15, 2025 00:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

– Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата.

Таа ја нагласи сложеноста на процесот на проширување, потенцирајќи дека се потребни 150 одлуки со консензус на членките на ЕУ за започнување и завршување на преговарачкиот процес на само една земја кандидат, но дека треба да се направи се за да се избегне билатералните прашања да влијаат на преговорите.

– Но, тоа веќе се случува и ќе се случува во иднина, па задача на сите нас е да ги решаваме кога ќе се појават, истакна Кос, додавајќи дека оние земји кандидати за членство што ги спроведуваат потребните реформи треба и да има придобивки од нивните напори.

Таа потенцира на проширувањето денес е поинакво отколку што беше пред пет години и постои огромна можност работите во овој процесот да се придвижат напред.

– Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта, рече Кос.

Таа изрази надеж дека за време на актуелното полско претседавање со Советот на ЕУ, ќе бидат  отворени еден или два кластери со Украина и Молдавија, како и дека ќе се постигне напредок во преговорите по неколку поглавја и кластери со земјите од Западниот Балкан.

– Доколку земјите кандидати се држат до реформите за напредок, за време на полското претседателство можеме да видиме поголем напредок отколку во последните десет години, нагласи Кос.

Еврокомесарката потенцира дека и покрај руската агресија врз Украина која донесе нова динамика во проширувањето, сепак тој процес и натаму останува заснован на заслуги.

– Нема да има геополитичко попуштање, проширувањето останува процес заснован на заслуги, нагласи Кос, додавајќи дека владеењето на правото и почитувањето на основните вредности се и ќе останат камен темелник на политиката на проширување.

Според Кос, проширувањето е проект на целото општество, а не само на парламентите и владите на земјите кандидати за членство.

Осврнувајќи се на амбициите на земјите од Западниот Балкан за членство на ЕУ, еврокомесарката за проширување најави дека неделава ќе ја посети Црна Гора, а во текот на февруари и Албанија.

– Го започнавме мандатот со отворање на еден кластер со Албанија и со затворање на три поглавја со Црна Гора… Ќе одам во Црна Гора оваа недела да го прославам нивното достигнување и да поттикнам понатамошен напредок за време на полското претседателство, нагласи таа.

Според Кос, целите поставени од Црна Гора и од Албанија за затворање на сите поглавја во преговарачкиот процесот со ЕУ до крајот на 2026, односно 2027 година, се „многу амбициозни“, но не се и неостварливи.

Што се однесува до Србија, според Кос, таа мора да исполни одредени критериуми за отворање на преговорите по Кластерот 3, нагласувајќи дека сега ЕУ чека Белград да ги испорача реформите што ги вети.

Таа најави и иницијатива за организирање фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари меѓу тимови на земјите кандидати за членство и државите членки на ЕУ, со што би се дал нов поттик на проширувањето, надвор од преговорите по поглавја и кластери и спроведувањето на реформите.

– Гледаме свет каде големината и моќта се користат како уцена и свет во кој многумина би сакале да видат дека Европа пропаѓа и каде што се вложуваат значителни извори за да се постигне тоа. Ситуацијата во Грузија и енергетската уцена во Молдавија се силен потсетник на предизвиците со кои се соочуваме… Мирот, слободата и просперитетот на нашиот континент зависат од силата на единството и големината на ЕУ, додаде Кос. 

Tags: ЕУуставни промени
Next Post

Уапсен суспендираниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk