ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Завршува „новогодишната кошничка“, според СДСМ „кошничките“ на власта се целосно промашување

January 15, 2025 10:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Денеска завршува новогодишната кошничка која траеше еден месец и беше формирана на иницијатива на бизнис секторот. Вклучуваше над илјада производи, а надлежните очекуваа поевтинување на основните прехранбени производи за најмалку 10 проценти.

Бидејќи беше на иницијатива на бизнис секторот, немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно се гледаа цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истите производи кои биле во последните 30 дена.

Јавноста регираше дека немаше реално намалување на цените со „новогодишната кошничка“.

Според граѓаните, трговците 30 дена пред да стапи мерката на сила ги покачија цените повеќе од тоа што беа на продажна цена, за со намалувањето од 10% со мерката да се вратат пак на истата цена. Но, додаваат дека не само што не се вратени на исто, туку се поголеми од тоа што беа пред мерката да стапи во сила.

Надлежното Министерство за економија и труд апелираше до трговците да се придржуваат до договореното, најавувајќи дека доколку тоа не се случи, ќе се активира одлука за замрзнување на цените или ограничување на маржите.

Од СДСМ велат – „кошничките“ на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните

– Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени кошнички се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија. „Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено. Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта, реагираат од СДСМ.

Оттаму велат дека „од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ“.

„Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа –цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите. Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%. Политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата. Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Владата на 15 декември ја започна кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која требаше да опфати над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.

Државниот завод за статистика обајви дека инфлацијата во декември лани е за 4,4 проценти повисока од истиот период во 2023 година и дека најголем скок има кај храната.

Ј. Ѓ.

Tags: новогодишна кошничка
Next Post

Македонските ракометари против Унгарија ги почнуваат настапите на СП 2025

НАЈНОВО

Пукање во училиште во Минеаполис, тројца загинати, дваесет повредени

August 28, 2025

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

August 28, 2025

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk