ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Објавена проза од писателот Томислав Османли во израелското списание „Lamed“

January 20, 2025 10:42
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве, во вториот годинашен број, реномираното мултикултурално списание „Lamed“ со седиште во Израел, објави расказ на нашиот писател Томислав Османли. Станува збор за електронско списание покренато на 1. Јануари 2008 година, чијшто главен уредник е истакнатиот белградски автор Иван Л. Ниниќ кој одамна веќе живее и работи во градот Нетанија, во Израел. Lamed излегува двојазично; месечно на српски јазик, а со четири броеви годишно и на англиски јазик, како „Lamed-E”.

Објавената проза на македонскиот писател, е дел од неговата широко афирмирана прозна збирка јудео-балканси раскази и новели насловена „Светилка за Ханука“. Таа за прв пат е публикувана 2008 година, па и самата е современик на списанието во кое сега, по внимателен избор на уредникот, деновиве е објавена новелата „Рабинот и искуството на жртвувањето“. Новелата го следи внатрешното дијахрониско доживување на еден фиктивен лик, рабин на Монастирлитската или Битолската синагога од Њујорк, при неговиот лет од тој америкнски магалополис до Ерусалим и претставуваа соочување на еден образуван духовник свртен кон книгите, со самото искуство на животот кое го следи и низ  животот, а изненадувачки ќе го дочека и на неговата крајна патувачка дестинација. „Рабинот и искуството на жртвувањето“ е новела полна со историски податоци за смената на бурните времиња и во сефардска Битола и во библиската историја на Ерусалим знаменитите имиња на учените духовници од македонскиот град, автори на теолошки расправи и толкувања на светите книги, но и на прашањата што жестоко ги наметнува самиот живот. Во неа суптилно се подвлекува разликата меѓу благородните учења на доктрините и фактите на самата тревожна, интимна но и политичка реалност.

Прозите од оваа прозна книга на Османли се преведени на голем број јазици и во повеќе средини, од Америка и Полска, до Србија, Хрватска, Белгија, Грција и Аргентина. Книгата на Османли покрај на големата регионална средба на еврејските општини од поранешна Југославија „ Limud Keshet“ во Суботица, подеднакво успешно беше претставена на биеналниот книжевен фестивал „Kisufim“ во Ерусалим кој поканува истакнати авторски имиња од светот. Објавената проза во „Lamed“ е најновата афирмација и на самата прозна збирка. Инаку во електронското списание во текот на неговите осумнаесет години постоење текстови објавувале врвни имиња на светската и регионалната литература, теорија и есеистика, од Амон Оз, Људмила Улицкаја, Давид Гросман, Пол Остер, Орхан Памук, Филип Рот, Наоми Клајн, Предраг Финци, Фарид Закариа, Славој Жишек до истакнатите регионалните автори како Данило Киш, Давид Албахари, Дарко Главан, Ана Шомло, Миљенко Јерговиќ, Даша Дрндиќ, Владимир Арсениќ, Јован Николаидис и голем број други истакнати творци од регионот и од светот. Во најновиот број на „Lamed“, покрај Томислав Османли, со свои прози и анализи се застапени Јовица Аќин, Владимир Тодоровиќ, Јелена Н. Арсенијевиќ Митриќ и Нилс А. Хојг, Алан Дершовиц, Бранко Кукиќ, Ајелет Гунар Гошен. Прозата „Рабинот и искуството на жртвувањето“ е прв прилог од македонски автор објавен во електронското списание. Во догледно време истото електронско списание ќе објави проза од  македонскиот автор и во своето издние на англиски јазик.

Инаку, списанието е именувано според хебрејската буква lamed (ל) чија нумеричка вредност е 30 што е темпото на публикување на месечното издание на мултикултурното списание. Еврејска буква ламед е основата на старогрчката буква ламбда (λ) и последнователно на буквата „L“ на латинската абецеда и на другите од неа изведени азбуки. „Lamed“ е списание на теми врзани за судбината и контроверзиите врзани за еврејството, но со најширок меѓународен опфат и со либерална ориентација и го носи поднасловот „списание за љубопитните“ при што главниот уредник Иван Л. Ниниќ истакнува дека „Ставовите во написите не секогаш се совпаѓаат со мислењето на уредникот на Ламед“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Томислав Османли

НАЈНОВО

Фото: ЕУ

Веќе 40 години Шенген е успех за Европа, но дали е сега под закана?

June 21, 2025

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво

June 21, 2025

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk