ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Љутков: Театрите однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми

January 20, 2025 10:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Театарите во земјава по примерот на фестивалите првпат однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми, а потоа на крајот на годината Министерство за култура и туризам и со нивните  тимови ќе вршат евалуација на проектите кои се изработени, колку карти се продадени, на колку фестивали бил театарот, колку успеси има постигнато, што направиле со средствата во  дадената институција. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Тој информира дека Велешкиот театар за 2025 година ќе добие двојно поголем буџет споредено со претходната година. -На тој начин и самите менаџери на институциите, во случајот директорот на Велешки театар Жарко Спасовски и останатите директори ќе носат многу поголема одговорност, кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има уметнички директор или ќе има креативен тим кој ќе ги изработува програмите во наредната година, тоа ќе биде слободен избор на самата институција, појасни министерот Љутков.

Појасни дека тие како Министерство за култура и туризам ќе го следат овој процес и во однос на тоа како е завршена работата и таков ќе им биде буџетот за наредната 2026 година. -Она што денеска можам со сигурност да ви го кажам пред да биде објавена програмата на 31 јануари е дека  НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе добие двојно поголем буџет за разлика од претходната 2024 година, рече Љутков.

Директорот на Велешкиот театар Жарко Спасовски информира дека тие годинава по стариот начин конкурирале со пет претстави со режисерите Синиша Ефтимов, Владимир Милчин, Александар Ивановски, Елеонора Теова и Борис Василевски. -Тоа ни е спој на младоста и искуство, кои верувам дека со овие средства за кои информира министерот ќе ги реализираме тие пет претстави, а минимум би имале две детски претстави бидејќи сакам да бидеме активни за таа наша млада публика, која е следната публика која би доаѓала во нашиот театар, потенцира Спасовски.

Тој информира дека уште од сега се поканети на неколку театарски  фестивали, а во март со сигурност ќе одат на фестивал во Ниш. Имаат и покани за фестивалот во Лече во Италија, за кој се уште се во преговори, како и на други театарски фестивали.

Tags: Зоран Љутков
Next Post

Во Кривичен ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk