Новак Ѓоковиќ по 12-ти пат е во полуфиналето на Австралија опен, откако во брилијантен меч по пресврт го совлада 16 години помладиот Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ го победи својот голем ривал во четири сета – 4:6, 6:4, 6:3, 6:4 за три часа и 36 минути игра и покрај тоа што имаше проблем. со мускул на ногата во раната фаза од мечот и мораше да побара медицински тајмаут.
SPEECHLESS.
Novak Djokovic secures the third set. No words.@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/ghJD0bKGfc
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2025
Дуелот заврши нешто пред 1 часот по полноќ по австралиско време.
He’s built different. 😤
Novak Djokovic prevails in a thrilling four-set quarterfinal encounter against Carlos Alcaraz! 👏@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/zRtEHAbJlA
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2025
Ова е негово 50 полуфинале на гранд слем турнирите, на кои има освоено 24 титули.
Во полуфиналето закажано за во петок Ѓоковиќ ќе се сретне со германскиот тенисер Зверев.
Утре се играат преостанатите две четвртфиналиња каде се среќаваат: Јаник Синер – Алекс Де Минор и Бен Шелтон – Лоренцо Сонего.
Ј. Ѓ.