ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа на хрватскиот портал Лупига: Настани во 2024 година што влијаеа на правата на жените во Хрватска, Србија и БиХ

January 22, 2025 15:19
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

За проблемите што ги засегаат исклучиво жените, а кои често се занемаруваат во политичкиот и општествениот дискурс, нивните секојдневни борби, пречки и предизвици често кои остануваат во сенка, и покрај нивната клучна улога во општествениот напредок, хрватскиот портал Лупига  излезе со анализа на ретроспективни прегледи за 2024 година.

Свои согледувања и препораки за најважните настани кои влијаеа на правата на жените и актуелните предизвици, во Хрватска, БиХ и Србија , во интервјуа за  Лупига споделуваат проф. Бранка Галиќ, , раководителка на Катедрата за социологија на родот, Филозофски факултет на Универзитетот во Загреб, Сајра Кустура, активистка на ОН од Босна и Херцеговина, и Јована Глигоријевиќ, новинарка и уредничка од Србија.

Проф. Галиќ  предупредува на големиот проблем на подносителите кои лобираат против женските човекови права, со поддршка и заштита на државата. Вакви собири се одржуваат секоја прва сабота во месецот низ цела Хрватска.

Галиќ се осврнува на мешањето на Црквата во правата на жените, односно на отпорот за на црквата кон родовите студии во Хрватска.

„Во однос на правата на жените, би го издвоила огромниот црковен отпор за апликацијата за акредитација на родови студии во Хрватска, како да е тоа најлош вид на криминал, против кој Црквата никогаш ни од блиску не спротивставила на начинот на кој се спротивстави на обидот за акредитација на родови студии, а кој заврши негативно за студиите, само затоа што црковните власти се спротивставија, односно од идеолошки и политички причини, иако во јавноста се продаваат флоскули дека Универзитетот е „автономен“ во своето дејствување, вели Галиќ.

Што се однесува до светските услови, еден од најлошите настани што директно ја погодува женската популација е военото уништување, посочува Галиќ и потсетува на секојдневните страдања – од трудниците, до новородени деца во услови на војна.

Земјите од регионот се соочуваат со заеднички предизвици, а еден од најитните е фемицидот и зголемувањето на насилството врз жените. Во исто време, забележан е значителен пораст на бројот на пријави за насилство, што укажува на зголемена свест кај жените кои одбиваат да бидат затворенички во својот дом.

Активистката на ОН Сајра Кустура од Бих  која работи неуморно на почитување на правата на жените и маргинализираните групи, алармира за семејното насилство и фемицидот.

„Како активна следбеничка на сите клучни настани кои имаа влијание врз статусот на жената во нашата земја, особено во контекст на семејно насилство и фемицид, свесна сум за сериозноста на алармантните статистики и трагични случаи кои, за жал, станаа многу чести.

Би сакала да нагласам дека криминалната политика кон сторителите на насилство, вклучително и сторителите на фемицид, сè уште не е доволно ригорозна. Мора да бидеме експлицитни во укажувањето на потребата од построго казнување, бидејќи само јасно дефинираните закони и нивната доследна примена можат да бидат ефективно средство за превенција“, вели Сајра Кустура од БиХ.

„Како поединци и како заедница, треба да бидеме подобри, не само во институционална смисла, туку и во нашите секојдневни интеракции – во секое наше дејствување – како родители, ќерки и синови, пријатели, колеги и граѓани. Задачата на секој од нас е да придонесе за создавање на општество во кое жените ќе бидат заштитени, почитувани и сакани“, вели оваа млада активистка.

За законодавните решенија, правното гонење на насилниците и убијците, како една од систематските рани во Србија каде што во минатата година беа убиени 17 жени, зборува српската новинарка Јована Глигоријевиќ.

„Имавме помалку фемициди од претходните години и тука завршуваат нашите добри вести. Имавме обид да му застанеме на патот на акушерското насилство, но обвинителството не презеде ништо. Работата да биде уште полоша, нашиот Закон за родова еднаквост е привремено суспендиран, бидејќи се разгледува неговата уставност“, посочува Глигоријевиќ.

Таа смета дека има многу поединци во владата и во општеството на кои им пречат термини како родово чувствителен јазик.

„Целата работа е бизарна бидејќи овој закон помина низ долга и темелна јавна расправа, а беше повлечен кога веќе стапи во сила бидејќи на поглаварот на СПЦ му пречеше родово чувствителниот јазик. Потоа излегоа оние кои на јавната расправа го оценија законот како добар. На пример, заштитникот на правата на граѓаните Зоран Пашалиќ. Значи, некој што треба да ги штити правата на сите граѓани сега ја дискриминира жената“, истакнува новинарката Глигоријевиќ од Србија.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk