Време е за рекалибрирање на навигациските системи на бродовите и авионите, бидејќи позицијата на магнетниот Северен Пол официјално се менува, продолжувајќи со неговото оддалечување од Канада кон Сибир.
Експертите од американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) и Британскиот геолошки институт (BGS) ги здружија силите – како што прават на секои пет години – за да произведат нов, попрецизен Светски магнетен модел (WMM).
Додека географскиот Северен Пол останува фиксиран на своето место (на самиот врв на ротационата оска на Земјата), WMM точно го означува магнетниот Северен Пол – каде што магнетното поле на Земјата е насочено право надолу, совршено вертикално магнетното поле.
И како што се поместуваат железото и никелот во нашата планета, така се менува и магнетното поле на Земјата, што значи дека Северниот (и Јужниот) Пол се исто така постојано во движење. Ако користите компас или GPS систем, важно е да знаете точно каде се овие точки.
„Сегашното однесување на магнетниот север е нешто што никогаш порано не сме го забележале. Магнетниот север полека се движи околу Канада од 1500-тите, но во изминатите 20 години се забрзуваше кон Сибир, зголемувајќи ја брзината секоја година до пред околу пет години, кога одеднаш забави од 50 на 35 километри [31 до 22 милји. ] годишно, што е најголемото забавување на брзината што некогаш сме го виделе“, вели моделарот на глобалното геомагнетно поле Вилијам Браун, од BGS.
Истражувањата сугерираат дека два џиновски магнетни лобуси – еден под Канада и еден под Сибир – се она што го поттикнува поместувањето на магнетниот север. Понекогаш смените се доволно драматични што е потребно итно ажурирање, надвор од вообичаениот 5-годишен циклус.
Сега имаме попрецизна мапа на магнетниот север, онаа која би требало да биде добра уште половина деценија.
За прв пат е достапна и мапа со поголема резолуција, која нуди 10 пати повеќе детали: има просторна резолуција од околу 300 км. на екваторот во споредба со стандардните 3.300 км.
Според тимот на BGS, патувањето 8.500 км. (5.282 милји) од Јужна Африка до Обединетото Кралство во права линија би ве оставило 150 км. (93 милји) од патеката до крајот, доколку сте го користеле стариот WMM во споредба со новиот WMM за вашата навигација.
Толку може да направи разлика, а компаниите за мапирање и логистика, заедно со владите и официјалните агенции, ќе прават ажурирања.
„Големите авиокомпании ќе го надградат софтверот за навигација низ целата своја флота на авиони за да се вчитаат во новиот модел, а војските на НАТО ќе треба да го надградат софтверот во огромен број сложени системи за навигација преку сите видови опрема“, рече Браун за Си-Ен-Ен.
🚨 The World Magnetic Model 2025 is now live. Deployed on December 31st to all Flight Service platforms, this update ensures you’re heading in the right direction for the new year! 😉 Potential Impacts: Aeronautical charts 🗺️ , runway numbers 🛬, and navigation systems 🧭. pic.twitter.com/zFmgAG5xh2
— Flight Service ✈️ (@1800wxbrief) January 7, 2025
Сепак, нема да мораме да применуваме никакви ажурирања на нашите телефони или навигации – сето тоа ќе се случи автоматски.
Магнетниот Северен Пол првпат бил откриен од Сер Џејмс Кларк Рос во северна Канада во 1831 година.
Оттогаш, истражувачите постепено можеа да го следат со поголема прецизност, користејќи мерења на земјата направени низ целиот свет, како и читања од сателити во вселената.
Подготви: Ј. Ѓ.