Британскиот тинејџер кој уби три млади девојки на танцов настан на тема Тејлор Свифт беше осуден на најмалку 52 години затвор во четвртокот, поради нападот што премиерот Кир Стармер го нарече еден од најтешките моменти во историјата на Британија.
Аксел Рудакубана (18) призна дека ги убил девојчињата и избодел 10 други минатиот јули во северниот англиски град Саутпорт, злосторство што ја шокираше Британија и беше проследено со денови на национални немири, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Обвинителката Деана Хер изјави пред судот во Ливерпул дека Рудакубана бил опседнат со насилство и геноцид, а две од неговите жртви претрпеле такви страшни повреди што биле „тешко да се објаснат како нешто друго освен садистички по природа“.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа