ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Федерален судија на САД ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

January 24, 2025 08:15
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американски федерален судија го блокираше обидот на администрацијата на Доналд Трамп до го укине правото за добивање државјанство по место на раѓање на деца на недокументирани имигранти и странски посетители.

Одлуката на окружниот судија на САД, Џон К. Кафенар, е на национално ниво и со важност од две недели. Тоа е одговор на тужба поднесена од четири сојузни држави — Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон — според која извршната уредба на Белата куќа, потпишана од претседателот Трамп во понеделникот, е неуставна.

Уште 18 држави заедно со Вашингтон, округ Колумбија, поднесоа слична тужба во Масачусетс, плус најмалку три различни организации за граѓански права водат свои правни постапки. Сите овие сојузни држави се водени од демократски гувернери.

Судските постапки ја оспоруваат извршната наредба на Трамп, за која претседателот изјави дека се надева да стапи во сила кон средината на февруари. Повеќе јавни обвинители ја оспоруваат одлуката на, а во поднесените тужби се вели дека во САД годишно се раѓаат 153.000 деца од двајца родители кои немаат документи за легален престој. Администрацијата на Трамп се надева дека укинувањето на правото може да ја обесхрабри нелегалната имиграција во САД.

Извршната наредба на Трамп предвидува неговата администрација повеќе да не признава државјанство по автоматизам на оние деца родени на американско тло од родители имигранти кои во земјата дошле нелегално, односно ниту еден од родителите не е државјанин на САД или поседува легален престој (зелена карта).

Исто така, уредбата на Трамп оневозможува добивање на државјанство по автоматизам на децата родени од родители кои во земјата дошле со привремени работни, студентски или туристички визи.

Правото на добивање државјанство по место на раѓање е утврдено со 14-тиот амандман на Уставот на САД и е усвоено од Конгресот во 1868 година. Во него е вклучена клаузула која гласи: „Сите лица кои се родени или натурализирани (оние кои легално станале државјани но не се родени) во Соединетите Американски Држави, и кои се предмет на нивна надлежност, се државјани на Соединетите Американски Држави и на државата во која живеат.“

Tags: државјанство по место на раѓањеСАДТрамп
Next Post

Трамп изјави дека сака да се сретне со Путин за да се стави крај на војната во Украина

НАЈНОВО

ВИ

Белгија до 2033 година целосно ги укинува хартиените дозволи

November 14, 2025
ВИ

ЕУ иницира укинување на ослободувањето од царина за увоз до 150 евра од трети земји

November 14, 2025

Министерството за финансии денеска исплаќа 18,48 милиони евра на граѓаните од втората обврзница

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk