ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Ве молам верувајте во нас, никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме

January 24, 2025 07:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Се додека ја работиме оваа работа, нема пречка што е невозможно да се помести. Ќе работиме катадневно и Ве молам верувајте во нас никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе засрамиме. Ова е пораката што ја испрати до македонските граѓани премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за дневникот на МРТ.

Прашан за неговата изјава на средбата со дијаспората дека се уште трае борбата за македонското прашање, и повикот да се вклучат и тие, и од дома и од секаде во светот, затоа што тоа прашање е се уште не решено и постоечко, што пак за официјална Атина е провокација, Мицкоски одговори дека е зачуден зошто таква реакција бидејќи, рече, од каде тие се почувствувале повикани кога никој не беше споменат во таа моја изјава. Потенцира дека нема да дозволи да бидеме испровоцирани и сето тоа да претставува еден процес кој нема крај.

– Мојата цел и мојата порака е јасна. Како претседал на Влада би било неодговорно и предавнички кон македонскиот народ, кон македонските граѓани, јас да кажам дека македонското прашање е затворено во услови кога ние не сме дел од европското семејство, а патот сме го почнале многу пред можеби некои земји – членки кои се таму и тоа е прашање што стои отворено, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, потпрашање е зошто не успеавме во тој период, има објективни и субјективни причини. Но, главната причина според мене, истакна, се билатералните прашања што не би требало да бидат критериуми и услови. Посуштинско прашање, нагласи, е дека не можеме ние да кажеме дека македонското прашање е затворено кога Судот за човекови права има донесено одлуки и пресуди за Македонците од другата страна на границата во Бугарија, кои велат дека бугарското општество не ги почитува елементарните човекови права кон  македонската заедница таму.

–  Ќе биде неодговорно и предавнички од мене како претседател на македонската Влада ова да го игнорирам и на поданички и полтронски начин да се повлекувам мислејќи дека на тој начин ќе ги решавам проблемите. Не, јас се додека сум жив и се занимавам со оваа работа ќе се борам овие неправди да бидат исправени во 21 век. Кога мене ќе ме нема и нема да ја вршам оваа работа, тогаш останува на генерациите по мене. Но мора да имаме институционална трага дека сме се бореле, не сме го напуштиле бојното поле и не сме биле издајници на македонскиот народ и на македонскиот идентитет, беше дециден премиерот Мицкоски.

Осврнувајќи се инвестициите од страна на македонската дијаспора, Мицкоски информира дека во периодот што следи ќе има многу добри вести кога станува збор за инвестициите кај нас дома. Тоа, нагласи, претставува наша цел и на што силно работиме за да се реализира бидејќи ние мора да газиме напред со крупни чекори, а тоа се неколку процеси што мора паралелно да ги водиме .

– Свесен сум дека за тоа можеби е потребно повеќе енергија, но сум подготвен тоа да го правам се додека гледам дека има резултати и поддршката што ја добивам од граѓаните е моја инспирација и мотив, а таа е навистина голема и ќе продолжам да работам затоа што вреди оваа борба, најави премиерот и додаде дека колку и да има сили кои предаторски гледаат кон нас и од дома и од надвор, како што рече, тоа само дополнително ќе не мотивира дека ова што го правиме е исправно и е токму тоа што го очекуваат македонските граѓани.

Tags: МицкоскиМТВ
Next Post

Трамп потпиша наредба за декласификација на досието за атентатот врз Кенеди и Мартин Лутер Кинг

НАЈНОВО

Во Битола почнува 33. ИФАДФ „Камера 300“ во знакот на 120 години од првиот филм на браќата Манаки

October 31, 2025

МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

October 31, 2025
Скриншот

Барселона се враќа на „Камп Ноу“ на 7 ноември за отворен тренинг пред 23.000 навивачи

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk