ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворено писмо од гимназиски професори: Радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование

January 27, 2025 12:09
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Гимназиски професори по философија, логика и етика по повод Концепцијата за гимназиско образование, реагираат со отворено писмо во кое истакнуваат – „радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование“.

Писмото го пренесуваме во целост:

„Magis utile nil est artibus his quae nil utilitatis habent“

Ovid., Ex Ponto

„Ништо не е покорисно од оние вештини од коишто

немаме никаква корист“

(со алузии на философијата и уметноста)

Овидиј, Ex Ponto

Радикално и категорично ja отфрламе понудената Концепција за гимназиско образование. Мноштвени се негативните импликации во однос на учениците, професорите, гимназискиот образовен процес и државата во целост. Оваа концепција, во која се отстранети философијата и општествено-хуманистичките науки нуди ограничен светоглед без можност за аналитичко, синтетичко, критичко и креативно мислење. Концепцијата се засновува на логички и методолошки проблеми – неконзистентност, неаргументираност, противречност. Во логиката, овие грешки претставуваат карактеристики на нелогичното мислење, со самото тоа, на бесмисленото мислење. Ниту една од целите на Концепцијата не може да се реализира преку системот на предмети кои како задолжителни ги нуди концепцијата, зашто  тие цели не се предмет на нивното истражување и суштинска тенденција. Единствената која е повикана да ги оствари поставените образовни цели, е токму философијата преку корпусот философски предмети – философија, логика и етика. Највисокиот облик на мислењето е мислењето за самото мислење.  Тоа е акт на философијата. Само во философијата се трага по тоталитетот на вистината, се остварува разговорот на душата самата со себе и се облагородува истата за дијалог и средба со другиот. Критичкото мислење почива на логички основи. Како ќе мислат учениците ако не ги знаат законите на логиката. Како ќе бидат доблесни, ако не ги знаат начелата на етиката. Етиката е единствената наука чиј проблем на изучување се доброто и злото, среќата и несреќата, страдањето и радоста. Ниту математиката и природните науки, ниту општествено – хуманистичките науки, нема да ги научат учениците во што се состои човечката среќа. А, дали можеме да бидеме среќни, ако не знаеме што е среќата? Етиката го истражува односот кон себе самиот, кон другиот, кон заедницата на која припаѓаме, кон сопствениот народ и целото човештво. Биоетиката и еколошката етика се етички дисциплини. Историјата ги учи учениците што се случувало во минатото на нивниот народ, но етиката прави да го возљубат својот народ, а преку него и целото човештво. Градењето на национален, етнички и културен идентитет, како и почитувањето на историјата и културното наследство се остварува единствено преку философијата. Историјата ги учи учениците какви уредувања постоеле низ историјата, ама философијата ги учи какви треба да бидат уредувањата. Но, креаторите на Концепцијата очигледно ништо од ова не сфаќаат.

Анализите покажуваат дека во сите Европски земји се инсистира на философско образование. Со отстранувањето на философијата во Македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на Европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови.

Да не дозволиме да создадеме генерации кои, Хераклитовски, иако присутни во светов, ќе изгледаат како да се отсутни, кои иако будни ќе изгледа како да спијат.

Бранка Љубиноска СОУ „28 -ми Ноември“

Валентина Богоевска „Никола Карев“

Весна М.Трајковска СОУ „Таки Даскало“

Виолета Серафимовска „Никола Карев“

Владимир Ѓуровиќ СУГС „Орце Николов“

Даница Палазова СОУ „Јане Сандански”

Данка Јовева СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип

Драгица Солунчева, „СУГС Раде Јовчевски Корчагин“

Дунавка Костадинова СОУ „Ванчо Прќе”

Евгенија Маневска СОУ „Таки Даскало“

Елвира Мустафа СУГС „Никола Карев“

Емилија Ежовска

Емилија Ежовска СУГС „Панче Арсовски“

Жаклина Реџовска ОСУ „Ацо Русковски“

Јане Ѓорески СОУ „Мирче Ацев“

Јовица Илиќ СОУ „Коста Сусинов“

Јосиф Печков СОУ „Јане Сандански“

Јулијана Јолевска СУГС „Гимназија Орце Николов“ – Скопје

Кристина Трајанова СОУ „Коста Сусинов

Кристина Трајанова СОУ „Коста Сусинов“

Лепа  Василевска  СОУГ  „Кирил  Пејчиновиќ“  Тетово

Љупчо Стевановски ,,Раде Јовчевски Корчагин

Никица Величковски СОУ „Гоце Делчев“

Павлина Филипова СОУ „Коста Сусинов“

Ријадин Беџети СОУ „Неготино”

Сања Трајковска СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово

Светлана Поп Дучева

Снежана Арџанлиева Танева СОУ „Јосиф Јосифовски“

Снежана Соколова СОУ „Ванчо Прќе“ – Виница

Сунчица Здравкова СОУ „Кочо Рацин“

Трајче Серафимовски, СУГС „Георги Димитров“ -Скопје

Tags: Концепцијата за гимназиско образование
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Романо: Трент нема да оди во Реал во овој преоден рок

НАЈНОВО

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

Мицкоски за случајот Кочани: Се воздржувам да коментирам, оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk