ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДА Македонија: Жалиме што Владата станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика

January 28, 2025 12:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Изразуваме револт и жалење за серијата на диполоматски скандали и провокации кои го одбележаа празнувањето на Денот на Св.Сава, празник за припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија, реагираат од партијата СДА Македонија.

„На средбата помеѓу вицепремиерот Стоиљковиќ и Додик во просториите на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, покрај државното знаме на Република Северна Македонија беше истакнато и знамето на еден од двата ентитета на БиХ. Истакнувањето на знамето на едниот ентитет, а без државното знаме на Босна и Херцеговина, во просториите на државното министерство, е поддршка за сепаратистичката политика на Додик. И укажуваме на демократската јавност дека пред само неколку недели, на Милорад Додик, членови на неговото семејство и неговите соработници им беа проширени санкциите од САД и В.Британија токму за обидите за нарушување на територијакниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, велат од СДА Македонија.

Оттаму појаснуваат дека „на главната манифестацијата на Св. Сава, одржана под покровителство на Владата на Р. Северна Македонија, Милорад Додик испрати и пораки со кои повторно се негира геноцидот врз Бошњаците, пресуден од Меѓународниот суд во Хаг. Ова го сметаме како континуитет на таквите ставови, затоа што вицепремиерот Стоиљковиќ веќе има серија на слични контроверзни изјави. Но овој пат, укажуваме на настан, која е под покровителство на Владата на Р.Северна Македонија“.

„Изразуваме револт што наместо достоинствена прослава на празникот, организаторите се одлучија за провокации преку пораки со кои се негира геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, како и со дипломатски скандали со кои се нарушуваат односите помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Жалиме што Владата на Р.Северна Македонија, откако го стопираше патот кон ЕУ, станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика, со кои Северна Македонија забрзано влегува како чинител во “српскиот свет“, на што вчера аплаудираше и рускиот амбасадор во државата. Молкот на политичките партии од власта на овие провокации и дипломтаски скандали го сметаме како одобрување за Владата да продолжи со покровителство на настани со кои Северна Македонија станува дел од “српскиот свет“ и инструмент на големосрпската политика“, се нагласува во соопштението од СДА Македонија.

СДА Македонија ги повикуваат сите прогресивни политички сили во општеството, демократската јавност, заедно да се спротистават на големосрпската политика, која е штетна за интересите и на Северна Македонија како држава и за интересите на сите нејзини граѓани.

Ј. Ѓ.

Прочитајте и…

(ФОТО) Мицкоски со Додик и српскиот партријах Порфириј на Светосавска академија на српската заедница во Македонија

 

Tags: ДодикСДА Македонија
Next Post

Поддржувач и прокси играч на Путин со скрстени нозе среде Скопје!

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk