ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ФОТО) Мицкоски со Додик и српскиот партријах Порфириј на Светосавска академија на српската заедница во Македонија

January 28, 2025 10:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук, Христијан Мицкоски

Фото: Фејсбук, Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Свети Сава не е само симбол на српскиот народ, туку на универзалните вредности кои ги почитуваме сите, мирот, љубовта и заедничката желба за напредок, рече премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски за време на Светосавската академија во Скопје.

На вчерашната Свечена Светосавска академија, во организација на Српскиот културен центар, по повод Свети Сава – националниот празник на српската заедница, Мицкоски посочи дека и Свети Климент и Свети Сава ја разбираат силата на знаењето и духовноста како средства за создавање посилни заедници.

– Нивните дела не се само симболи на минатото, туку и се патоказ за иднината. Она што ги поврзува овие двајца великани е нивната визија за народи кои се образовани, силни во својата вера и обединети во своите вредности, рече тој.

Според него, српската заедница во Македонија е важен дел од општеството, таа претставува жив сведок на нашата мултикултурна и мултиетничка традиција и преку својата култура и традиција активно придонесува кон културното богатство на нашата земја.

– Македонија и Србија имаат длабоки вкоренети историски врски што не се само од политичка или економска природа, туку братска, културна и духовна. Нашата соработка е пример како две соседни држави можат да соработуваат и да создаваат заедничка иднина. Европските интеграции кои се наши заеднички стремежи се важен сегмент во нашите односи. Веруваме дека македонско српското пријателство ќе биде дополнителен мост кон европските вредности на демократија, владеење на правото и почит на човековите права, дополни премиерот.

Српскиот Партријах Порфириј изјави дека една црква е многу позначајно од кое било друго единство.

– Затоа што секое друго единство може да биде помалку или повеќе силно и да има пократок или подолг рок на траење, но има свој почеток и крај. Единството во верата е единство кое се заснова на непоколеблив темел кој се вика Исус Христос. Тоа е единство на сите народи што се родени со светиот дух и поврзани со една вера, рече тој.

Сподели радост што денеска заедно со значајни претставници од заедниците и институциите прославуваат 850 годишнина од раѓањето на Свети Сава.

– Свети Сава нѐ собира и денеска, тука, да го продолжиме неговото дело, да продолжиме да одиме по патот господов по кој одиме и кој нѐ донесе до тука, рече тој.

Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, посочи дека свеченоста како оваа, како што рече, нѐ потсетуваат на длабоките темели на нашата духовност и култура.

– Денеска кога се собираме во Скопје, град со посебна историска важност, праќаме порака на мир и заедништво, рече тој.

Милорад Додик, претседател на Република Српска рече дека најважниот дел во нивниот идентитет е токму српската православна црква.

– Имаме право да го истакнеме нашиот идентитет и да ги покажеме нашите способности, како и да се воодушевуваме на другите и нивниот идентитет, рече тој.

Годинашниот добитник на свечената повелба, министерот за култура на Република Србија, Никола Селаковиќ, одржа беседа за Свети Сава.

Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Tags: ДодикМицкоскиСветосавска академија
Next Post

Престрелка на границата САД - Мексико

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk