На Фејсбук страницата Историјата на Србите која има над 200.000 следбеници е објавено дека Скопје во историјата бил главен град само на Србите и дека Србите треба повторно да се вратат во нивниот „главен град“, бидејќи Скопје е нивно колку што е и Косово и Метохија!
Ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот:
„Вака изгледа кога Србите го слават својот отец Свети Сава во нивната царска престолнина Скопје!
Нема ништо поприродно од празнувањето на Свети Сава токму во кралската престолнина Скопје (иако е срамно што нашиот патријарх им предаде повеќе од 800 српски светилишта на таа територија на Титовите Македонци за 3 години)!
Србите го изградија Скопје, изградија тврдина, Душановиот мост како ремек-дело на српската средновековна градба, најубавата црква Света Троица, каде СПЦ беше подигната од ниво на архиепископија на ниво на патријаршија. Скопје е главен град на Србија уште од кралот Милутин, царот Душан беше крунисан во Скопје, царот Душан го донесе својот законски кодекс во Скопје, кој достигна ниво на владеење на правото и поделба на власта што дури и денешна Авнојска Република Србија сè уште го нема постигнато:
172. За судиите
Сите судии треба да судат според кодексот, законот, како што пишува во кодексот, а не да судат според стравот од империјата.
Скопје беше ослободено од Србите во 1912 година, од Скопје Срби се и Караѓорѓевиќ, со маестралниот градоначалник на Скопје, Јосиф Михајловиќ, направија модерен град кој требаше повторно да стане главен град на Бановина Србија и дека српскиот цар повторно ќе се круниса во Скопје…
Скопје во историјата бил главен град само на Србите!
Да се вратиме Србите во нашето Скопје и да не ги заборавиме Скопје и Вардарска Србија! Тие се наши колку што се наши Косово и Метохија!“, пишува на Фејсбук страницата Историја на Србите.
Извор: Цивил Медиа