ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Противник на слободата е контролата

Кога одбирате некоја „моќна“ фигура кај која нема „трте мрте“, прашање на време е кога вие ќе станете жртва. Бидејќи спротивно на улогата на жртва е човекот да е креатор на својата судбина. А кај контролата, нема „трте мрте“.

January 29, 2025 18:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Генерирано со ВИ

Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИДА ПРОТУГЕР

Читам ФБ дискусија околу одлуката на Трамп за отстранување на можноста за родова определба и признавање само на два пола, дадени при раѓање.

„Фала богу да се знае ред“, „цврсто, машки“, „се претера со слободите“….

Човековата потреба за сигурност е силен двигател на нашето однесување. Проф. Јеротиќ во својата книга „Човекот и неговиот идентитет“ пишува дека „промените го плашат човекот и ги активираат кај него одбранбените механизми кои слободно можеме да ги наречеме конзервативни“.

Во моментот живееме во време на силни и интензивни промени како никогаш досега. И тоа создава страв кај луѓето. Тука некаде и си го објаснувам масовното гласање за конзервативни партии низ Европа и светот.

Но слободата за мене е врвна вредност и таа сега е загрозена и во Америка. Моите вредности како психолог се темелат на хуманистичката психологија. Моето мото е: Да се биде автор, а не актер во сопствениот живот.

Да се биде автор, а не актер во сопствениот живот

Тоа поздразбира работа на освојување на слободата на избор, да се развива моќта на носење одлуки за својот живот и да се понесе одговорност за тоа. Слободата е моќ што може да ја поседува секој човек, но не секој се осмелува да ја користи.

Зошто? Поради исто толку силната потреба да се биде прифатен и потврден во околината каде човек делува. И што повеќе околината и општеството создаваат услови за јакнење на автентичноста, поблиску сме до слобода.

Една од омилените изреки на Ниче ми е дека: „Слобода е волјата да бидеш одговорен за себе“.

Проблемите со авторитарните режими настануваат кога мнозинството одбира „моќна“ фигура да се грижи за нив, наместо да се освести личната слобода и одговорност да се управува со сопствениот живот.

И тука не мислам на тоа дека секој треба да прави што сака, без грижа за останатите. Токму личноста која е слободна да одлучува за себе, може со должна почит и да се однесува кон другите.

Луѓето од раѓање се соочуваат со конфликт на две суштински потреби, таа за самореализација, и потребата за припаѓање. Низ животот, стекнување зрелост подразбира кога учиме да правиме компромиси кои се наш избор, во име на припаѓањето, а знаеме да исцртаме лични граници кои ќе го штитат нашиот идентитет.

Накратко, тоа е и мојата работа со клиентите. Да ги поддржам во нивниот пат да бидат свои и слободни да одлучуваат за својата среќа и добросостојба.

Противник на слободата е контролата. Кога одбирате некоја „моќна“ фигура кај која нема „трте мрте“, прашање на време е кога вие ќе станете жртва. Бидејќи спротивно на улогата на жртва е човекот да е креатор на својата судбина. А кај контролата, нема „трте мрте“.

Слобода е волјата да бидеш одговорен за себе

На пример, мојот „конфликт“ со религијата лежи токму со потребата за контрола на однесување на луѓето.

Јас сум верник, но не сум религиозна. Во мојата вера, бог значи слобода која се стекнува низ искушенија, и не се потребни посредници што шират ограничувања, ниту мислам дека постот не води поблиску до бога на пример.

Сега слушам дека во Македонија станало модерно наместо да се оди на психолог, да се има „духовен отец“. Не навлегувам во лечебноста на тоа, секој контакт и разговор може да е добар за некого, но повторно имам проблем со философијата дека некој треба да ти ја пренесе уката „од горе“ или да те смири дека ќе бидеш сакан конечно на „оној свет“, наместо да те води низ процесот на премрежија кон изнаоѓање на сопствените ресурси кон лична благосостојба. Во овој свет и живот.

Да сме начисто. Регулатива секогаш треба да постои за еден поединец да не може да го загрози правото на слобода на другите. Но таа регулатива низ цивилизацијата, во демократските општества се унапредувала кон поголеми права. Освен во мандатите на тираните низ светот.

Позитивното и надежта? Тоа се студентите во Србија

Истовремено со првата недела на Трамп, еден пријател ми го прати да го гледам филмот на хрватскиот овогодишен натпреварувач за Оскар, „Човекот кој не умееше да молчи“. Тоа е краток филм за тоа како правдата и слободата можат да се за миг згазени, кога мнозинството одбира тиранија место слобода. Се случувало секогаш низ историјата и секаде низ светот.

Ова сето ме потсетува на сцената во „Приказната за робинката“ кога одеднаш со декрет се забрани жените да работат. Сите збунети, но продолжуваат да функционираат во таа реалност и никој не претпоставува во каков ужас и тиранија тоа води. “Praised be” ми звони како аларм во главата.

Позитивното и надежта? Тоа се студентите во Србија.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторката

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ида Протуѓер

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk