ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривичен ја објави пресудата за претходното кривично дело на осомничениот кој ја прегази Фросина

January 31, 2025 16:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, против обвинетиот Васил Јованов од Скопје, кој, исто така, е осомничен за сообраќајната несреќа во која завчера животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Како што стои во пресудата, по одржаната главна расправа, која започнала на 24 јули 2024 година и завршила на 31 јули 2024 година, судот во состав на судијата Даниела Алексовска-Стојановска и судиите поротници Весна Цветкоска и Милисав Таневски, го прогласиле обвинетиот за виновен и му изрекле воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом.

„Судот ценејки ги личноста на обвинетиот, неговата младост и  недоволното животно искуство, опкружувањето во кое се нашол во време на сторување на делата, во друштво каде што конузмирањето на наркотици очигледно било секојдневие, а од друга страна пак се јавува и како соизвршител на дело со далеку повозрасно лице, со кое поради нејзината возраст би можел да има и родителски однос, но наместо од истата да научи позитивни и воспитни работи за животот, со неа се впуштил во инкриминирани дејствија, воедно судот го ценеше и однесување на обвинетиот и во таа смисла искажаното жалење и каење за стореното, особено грижата на совест за предизвиканиот срам на неговите родители и фактот што и нив ги довел во непријатна ситуација, околноста дека обвинетиот е со оформено задолжително средно образование, а со моменталниот студентски статус очигледно е со тенденција да стане и академски граѓанин, истиот потекнува од функционално семејство, па сите овие околности ценети во корелација со тежината на кривичните дела кои ги сторил, судот цени дека изречената воспитна мерка, заводска мерка-упатување во воспитно поправен дом, која ја овозможува Законот за правда на децата, е адекватна на кривично-правната одговорност на обвинетиот и дека целите на казнувањето во конкретниот случај спрема истиот, како помлад полнолетник, ќе се постигнат и со ваков поблаг вид на кривична санкција. Судот ќе истакне дека, изречената воспитна мерка, заводска мерка-упатување во воспитно поправен дом е одраз на напорите на овој суд за строга индивидуализација при определувањето на видот и висината на кривичната санкција. Со вака изречената кривична санкција, судот смета дека ќе се постигне целта на казнувањето согласно чл.32 од КЗ, а во смисла на специјалната и генералната превенција, односно воспитно ќе се влијае врз сторителот и другите да не прават вакви и слични кривични дела.“, стои во дел од образложението во пресудата.

Јованов претходно бил пријавувани за друга сообраќајна незгода од 4 ноември 2022 година, во која едно лице се здобило со полесни повреди.

Во Скопје денеска стотици граѓани се собраа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на протест, барајќи правда за трагичната смрт на младата Фросина, која беше прегазена додека поминувала пешачки премин во близина на пекарата „Силбо“. Граѓаните продолжија да маршираат кон Собранието, а потоа кон Кривичниот суд.

Протест во моментов има во родниот град на Фросина, Неготино, а за в недела е најавен протест и во Кавадарци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кривичен судпресуда

НАЈНОВО

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

June 6, 2025

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно

June 6, 2025

Сиљановска Давкова: Курбан Бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кажете ѝ на Украина – Ја прифаќам нивната безусловна капитулација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk