ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За 5,03 проценти поскапува парното за дел од домаќинствата во град Скопје

January 31, 2025 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Топлинската енергија за дел од домаќинствата во град Скопје од 1 февруари поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО во последниот квартал од 2024 година кое наместо 60 отсто учествувало со 51,9 отсто во производството на топлинска енергија. Цената за производство на топлинска енергија на ТЕ-ТО е за 35 отсто пониска отколку цената на топланите, а ТЕ-ТО не работело доволно зашто цената на природниот гас не му одговарала за производство на струја како примарен производ.

-По доставеното барање од страна на ЕСМ Дистрибуција на топлина, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Снабдување со топлина РКЕ пристапи кон длабинска анализа која покажа дека цената на природниот гас  во последниот квартал од минатата година е реално зголемена на светските берзи за 16 отсто. Во одлуката од јули пресметката за цена на топлинската енергија е направена со прогнозирана цена на природен гас од 37 евра за мегават час, а сега признаваме за 15 проценти зголемена цена за набавка на природен гас од 43 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека трошокот на ЕСМ за набавка на природен гас изнесува 50 евра за мегават час.

РКЕ, како што кажа, во пресметките ја зема цената на природниот гас во државава и смета дека таа е 43 евра за мегават час. На светските берзи, посочи, и во јануари и февруари годинава има тренд на раст на цените на природниот гас, а денеска цената на ТТФ е околу 52 евра за мегават час.

-Зголемувањето на сметките за просечно домаќинство во Градот Скопје ќе биде 100 денари за корисниците на топлинска енергија кои се снабдуваат преку овие ќерки фирми на АД ЕСМ. Досега месечниот трошок за топлинска енергија им изнесуваше 2.100, а сега ќе изнесува 2.200 денари, рече Бислимоски.

Нагласи дека РКЕ во текот на следната недела ќе го разгледа и ќе донесе одлука по барањето за цена на ЕСМ Енергетика кои снабдуваат околу 2.000 корисници. Се очекува наскоро и топланата Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот Скопје. Одлуките на РКЕ за новите цени за овие корисници ќе се носат во февруари и ќе се применуваат од 1 март годинава.

-Ја следиме состојбата на берзите и доколку и понатаму растат, еден од предлозите на РКЕ за цената на топлинската енергија ќе биде во насока за да избегнеме натамошни ценовни шокови. Од анализите кои константно ги правиме се уште се најниски трошоците за топлинска енергија преку организираниот систем на греење кој постои во градот Скопје, а не треба да се заборави и комодитетот што се обезбедува при овој начин на греење, потенцира Бислимоски во одговор на новинарско прашање.

РКЕ лани на 29 февруари донесе одлука со која за 35 проценти  ја намали цената за парното греење за сите деловни корисници во град Скопје. Тоа, како што тогаш информираше Бислимоски, се должеше на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk