Тенискиот великан Новак Ѓоковиќ, во „Белградска арена“ пред почетокот на кошаркарското „вечното дерби“ Партизан – Црвена звезда, носеше дуксер со кој недвосмислено ја истакнува неговата поддршка на студентите што протестираат во Србија.
„Студентите се шампиони“ пишува на градите на Новак Ѓоковиќ, кој очигледно специјално се подготвувал за своето прво појавување во јавноста по враќањето во Србија од Австралија.
Прашан што значи пораката на дуксот испишана на англиски „Students are Champions“ Ѓоковиќ изјави: „Тие знаат, знаат многу добро…“.
Ј. Ѓ.