ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен

February 3, 2025 13:32
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино  која беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

-Длабоко сочувство до семејството и блиските роднини на сега покојното девојче, навистина се работи за изгубен млад живот кој не може да се надомести со никаква казна. Ги убедувам граѓаните дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законските одредби, ќе биде транспарентно во оваа постапка, ќе знаат граѓаните како ќе се одвива и во која насока ќе одат доказите, рече Коцевски во емисијата „DailyClick“ на ТВ21.

Тој нагласи дека граѓаните делумно се во право кога велат дека системот е виновен.

– Дел сте во право затоа што и дел од законските одредби се такви што само ЈО, па и судот може да применат закон таков како што постои. Со измените на Кривичниот законик се воведе и ново кривично дело – безобзирно возење, меѓутоа не се избриша одредбата од прекршочната постапка, каде што исто така дел од дејствијата што се во тоа кривично дело опфатени се и во законот за прекршоци. Во случај на пречекорување на брзината на возење, полицијата откако ќе утврди може да поднесе Прекршочна постапка и таа постапка оди директно во Судот, што значи дека елементите на кривичното дело се опфатени и во ова, и тука треба праксата да се воедничи, додаде државниот јавен обвинител.

Коцевски вели дека се испитува дали возачот кој ја удрил Фросина го извршил делото со умисла или во небрежност.

-Јавниот обвинител ќе испита дали може да се работи евентуално и за умисла со оглед дека истиот доколку бил под дејство на алкохол, немал возачка дозвола, возел со многу, многу поголема брзина од дозволената и поминал на црвено светло, ќе видиме во текот на постапката дали има место за тоа дали кривичното дело го сторил со умисла. Воглавно скоро сите кривични дела се извршуваат во сообраќајот од небрежност, рече тој.

Коцевски се осврна и на тоа колку ги загрижува присуството на мобилен телефон кај возачот кој ја прегази Фросина во затворот. Посочува дека јавувањето на мобилен телефон на Васил од затворот не верува оти ќе има последици врз случајот.

-Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди како и начинот како возел, така да мислам јавувањето на телефон нема да има суштинско значење во постапката, додава Коцевски.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Kоцевски .обвинителствоФросина

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk