ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски: Од денеска го пуштаме првиот воз за Куманово, ќе се патува за 41 минута

February 5, 2025 15:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ветивме и тоа што го ветивме денеска го реализираме. Денеска тргнува првиот воз за Куманово и воз ќе има два пати дневно. Дополнително за само шест месеци од нула локомотиви, на пругите успеваме да ставиме дури 14 локомотиви и возови. Имаме преку 75 % зголемување на товарниот транспорт, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што известуваат од Министерството за транспорт, Николоски заедно  со менаџментот на Железници Транспорт извршија обиколка на погоните каде се репарираат и останатите локомотиви на Желзеница.

„Денеска тргнува првиот воз од Скопје до Куманово. Тоа го ветивме на отворањето на железничката пруга Куманово – Бељаковце и еве од денеска во 16 часот и 30 минути ќе тргне првиот воз. Патувањето ќе трае 41 минута, два пати дневно ќе оперира и тоа наутро во 6 и 30 ќе тргнува од Куманово и истиот воз назад ќе се враќа кон Куманово. Ќе имаме 4 возoви дневно со што ќе се согласите многу ќе ја олесни комуникацијата меѓу двата града и жителите на Скопје и Куманово ќе имаат можност полесно да доаѓаат дали за работа, дали за образование, за здравство или за било што друго. Тоа ќе го намали загадувањето, ќе ја намали гужвата и најважно од се граѓаните ќе знаат точно кога ќе пристигнат со цел да си ги завршуваат своите работи на време. Исто така во одредени денови возот ќе оди и до Бељаковце, а од следната година кога ќе се изгради пругата до Крива Паланка ќе оперира и до Крива Паланка ”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека од јуни со преземањето на власта, направено е огромно реструктурирање на претпријатието, каде од нула локомотиви за само неколку месеци со посветена работа, ставени се во функција 14 локомотиви и возови.

„Во јули кога бевме избрани, Македонија практично немаше железница. Немаше оперативни возови и локомотиви кои што можат да влечат товар. Ова депо во јули месец беше запуштено, во него не влегуваше никој. Сликата ја сменивме. Денеска во него има вредни луѓе кои што работат и ги поправаат возовите што оперираат по македонските пруги. Споредено со четвртиот квартал 2023/2024 во делот на товарот имаме зголемување за преку 75%. Тоа е срцето на желеница бидејќи најголем дел од приходите доаѓаат од карго транспрот. Исто така и во делот на патничкиот сообраќај споредено во 4-от квартал 2023/2024 имаме зголемување од 36 %. Тоа се огромни бројки и разлики”- потенцираше вицепремиерот Николоски

Тој најави дека предизвик за следниот период е да се пуштат возови и до Тетово и Гостивар, линијата до Кичево како и до  Штип и Кочани.

 

Next Post

Реакција на Кривичен суд за случајот Фросина: Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации

НАЈНОВО

Хороскоп со Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 30 октомври

October 30, 2025

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk