ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за „дрзок непотизам во Владата на Мицкоски – синот Андоновски министер, таткото советник“, ВМРО-ДПМНЕ демантира

February 5, 2025 15:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Непотизам царува во Владата на Мицкоски. Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните. Последен е скандалозниот случај со  Љупчо Андоновски,  татко на  министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски. Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата. Братот пак на министерот Стефан, Игор Андоновски, е нзаначен за началник на одделот на АНБ за град Скопје пред неколку месеци. Значи едниот син министер во Владата на Мицкоски, другиот началник во АНБ а таткото Советник во Влада, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција..

Кузеска нагласи дека „ова е класичен пример на непотизам и судир на интереси. Ова е срам и навреда за граѓаните“.

„Бараме Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет и да постапи. Додека илјадници млади и способни луѓе заминуваат од државата во потрага по работа, високите позиции во институциите се резервирани исклучиво за роднините на сегашните и поранешните функционери на ДПМНЕ. Нели ДПМНЕ ветуваше пред граѓаните дека ќе нема непотизам, дека ќе има департизација и дека нема со врски да се вработува. Епа еве,  се погазија. Додека младите се иселуваат од државата барајќи добра работа и мерит систем, партискиот непотизам царува во владата на Мицкоски. Ова уште еднаш ја покажува вистинската природа на оваа власт – наместо компетентност и заслуги, пресудни критериуми за добивање работа и функции се семејните и партиските врски, однос неспособноста. Затоа, бареме и очекуваме Антикорупциската комисија во најбрз можен рок да постапи во согласност со своите надлежности и да ја заштити државата од вакви скандалозни злоупотреби. Македонија мора да биде праведна и правна држава, а не држава на непотизам и корупција!“, истакна Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат.

„СДС е фабрика за лажни вести, а освен што лаже и манипулира, злоупотребува и податоци со доверлива содржина. СДС и Кузеска манипулираат со јавноста. Работните места во Агенцијата за национална безбедност се класифицирана информација, а  информациите кои Кузеска ги сподели се лажни. Кузеска  пред да почне да лаже и обвинува треба да знае дека Љупчо Андоновски како советник на Претседателот на Владата има повеќе од 35 години работно искуство на највисоките позиции кои се однесуваат на безбедноста на државата. За разлика од СДС и Кузеска кои ја уништија и  уназадија државата, Андоновски бил вклучен во најзначајните моменти за градењето на независна и самостојна Македонија, од 1991вата, 2001вата, но и етаблирањето на македонските безбедносни институции. Андоновски е квалификуван, има кредибилитет и е докажан во својата област. Неговиот бекграунд доволно говори за неговите достигнувања. Андоновски е Магистер на науки е од областа на безбедноста, со специјалност на меѓународната соработка во спречувањето на транснационалниот тероризам, признат и респектиран од сите стратешки партнери на Македонија“, се наведува во сооопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКузесканепотизамСДСМ

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

June 7, 2025

Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

June 7, 2025

Филипче од Прилеп: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk