ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДУИ: Систематско исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на Армијата

February 10, 2025 08:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја изразува својата загриженост за, како што велат, систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата во Северна Македонија.

„Албанците во армијата се исклучени и ограничени од донесувањето важни одлуки и пристапот до стратешки позиции. Маргинализацијата на Албанците не запира само со исклучувањето од раководните позиции, туку се проширува и во системот на военото образование. Загрижувачки е што наместо да помогнат во решавањето на овој проблем, избраниците на ВМРО-ДПМНЕ кои играат улога на „албански претставници“ само ја легитимираат оваа неправда. Овие политичари се неспособни и без храброст да го кренат својот глас против оваа отворена дискриминација, станувајќи  соучесници во маргинализацијата на Албанците. Во меѓувреме, македонскиот дел од општеството продолжува да молчи за оваа неправда, игнорирајќи ги загриженостите на Албанците и не разбирајќи дека дискриминацијата на еден народ не е само етнички проблем, туку и криза на самата држава. Овој постојан молк само ги продлабочува поделбите и создава тензии кои ја оштетуваат иднината на соживотот во земјата. ДУИ им упатува апел на сите да ги слушнат легитимните загрижености на претставниците на Албанците. Албанците не можат да бидат третирани како граѓани од втор ред во нашата заедничка мултиетничка држава. ДУИ останува посветена на еднаквоста на народите во нашата заедничка држава и на обезбедувањето правично и достојно претставување во сите области, вклучувајќи ја и армијата. Апелираме на итна реакција од сите институции и целото општество за да се стави крај на оваа дискриминација која ја загрозува заедничката иднина на нашата земја“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Tags: армијаДУИ
Next Post

Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница во Собранието најверојатно на почетокот на март

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk