Повеќе од десет милиони побожни Хиндуси кои бараат прошка за своите гревови се капеа во светите води во северна Индија, соопштија властите, додека се подготвуваат за милиони други кои ќе се соберат на фестивалот Кумб Мела.
Властите го зголемија бројот на полицајци и ставија медицински хеликоптери на располагање во градот Прајаграј во државата Утар Прадеш на еден од најсветите денови на хинду фестивалот, кој се смета за најголем собир на луѓе во светот.
Полната месечина денеска, позната како Маг Порнима, го прави еден од најсветите денови на шестнеделниот фестивал што се одржува на сливот на три од најсветите реки во Индија.
Одржувањето на безбедноста може да се покаже како предизвик на фестивалот, и покрај строгите мерки на претпазливост.
Хиндусите веруваат дека скокањето во водите каде што се среќаваат Ганг, Јамуна и митскиот Сарасвати ќе ги ослободи од гревовите, но сметаат дека овогодинешниот настан е уште позначаен бидејќи има моќ да ги ослободи од циклусот на повторното раѓање.