Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот и неговиот помошник Сипке Хулшоф се обвинети од ФА за нивното однесување кон судиите по дербито на Мерсисајд со Евертон во средата.
Двата клуба од Ливерпул се обвинети и дека не успеале да го спречат она што се случи по крајот на натпреварот и дека играчите и персоналот се однесувале провокативно и некоректно.
Сите страни имаат рок до среда, 19 февруари, да го дадат својот став за случајот.
Тоа значи дека Арне Слот треба да биде на клупата на натпреварот против Вулверхемптон во недела.
Вчера Премиер лигата објави информација дека Слот ќе биде суспендиран на два натпревари, но потоа оваа публикација беше избришана.