ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хамас му предаде тројца израелски заложници на Црвениот крст

February 15, 2025 14:17
in ДЕНЕС, СВЕТ

Израелските заложници Сагуи Декел-Чен (36), Саша Троуфанов (29) и Јаир Хорн (46), кои беа заробени од членовите на Хамас и Исламски џихад на 7 октомври 2023 година, утрово се ослободени во Кан Јунис како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Заложниците излегле од комбето и во придружба на вооружени членови на Хамас биле однесени на бина, каде што се предадени на Црвениот крст.

Ослободувањето, договорено како дел од спогодбата за прекин на огнот со Израел, беше спроведено без никакви инциденти под строги безбедносни мерки во присуство на десетици борци од двете фракции, пренесува Ал Џезира.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, како и при претходните предавања на заложниците, тројцата носеле „подароци“ и сертификати што им биле дадени од членови на Хамас.

Заложниците кратко зборуваа на сцената, опкружени со маскирани борци.

Ова е шеста рунда размена од почетокот на првата фаза од прекинот на огнот на 19 јануари, а досега се разменети 21 заложник и повеќе од 730 Палестинци од израелските затвори.

Во последните денови, прекинот на огнот беше доведен во прашање поради спорот што се закануваше повторно да ги разгори борбите во Газа. Хамас во четвртокот објави дека планираниот редослед за ослободување на заложниците ќе продолжи по разговорите со посредниците од Египет и Катар, кои, според палестинското движење, дале гаранции дека ќе ги отстранат сите пречки и ќе се погрижат Израел да дозволи повеќе шатори, медицинска опрема и други основни предмети да влезат во Газа.

Возила на Црвениот крст утринава пристигнаа на местото каде Хамас ги ослободи заложниците. Како и за време на претходните размени, десетици маскирани и вооружени борци на Хамас се наредија во близина на бината украсена со палестински знамиња и ознаки на милитантните фракции.

Вкупно 369 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори подоцна во текот на денот, во согласност со договорот за прекин на огнот.

Tags: заложнициизраелХамас
Next Post

Полскиот премиер Туск повика Европа итно да создадат план за Украина

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk