Ако не ви е докрај јасно, овој есеј ќе ви ја разјасни позадината на тоа што се случи и се случува во САД.
Неколку поенти:
– Во тек е радикална трансформација и репрогарамирање на поредокот (засега отпорот доаѓа само од судскиот систем) ;
– Идејата во позадина е дека американската демократија не само што е неефикасна туку е и некомпатибилна со технолошкиот напредок и треба да се замени со поефикасни (контролирани) модели за управување засновани на AI и поврзани технологии (во сопственост на малкумина) или накусо , демократскиот систем да биде заменет со технолошко – корпоративен систем во сопственост на неколкумина.
– До оваа точка се дојде преку успешно спроведена стратегија во три чекори: 1. Дестабилизирање на јавната доверба (во демократијата); 2. Замена на објективната и стручна анализа на секојдневието и предизвиците со бесконечни поларизирачки наративи, полувистини и лаги (Бенон: „Flooding the zone with shit“); 3. Победа на претседателските избори и осигурување дека моќта е кај оние кои ја поседуваат технологијата и преку неа ги контролираат (и манипулираат) информациските текови, а притоа подривајќи ги условите за демократската дебата и поставување „незгодни“ прашања – преку демонизирање и говор на омраза).
– Создадена е нова дигитална аристократија (Трамп е само нивно „превозно средство“) на која треба да се потчиниме, не само граѓаните на САД туку и остатотокот на граѓанството во зоната на влијание на САД;
– Вистинската намера не е да се намали влијанието на државата врз пазарот штитејќи ја притоа уставната (демократска) Република туку да се приватизира државата и поредокот од страна на оние кои располагаат со најмногу средства а со тоа (според нив) и (од Бога и народот добиено) право да диктираат правила за останатите ,
– Моќта не треба да биде повеќе со народот и да извира од народот (во кој се колнат пред избори и во чие име откако ја искористија демокртијата, легитимно делуваат) туку треба да биде со најкомпетентните и богатите, а кои не смеат да бидат субјект на било каков надзор од „некомпетените и стадото како целина);
– Предигра за овој мек преврат беше создавањето на крипто валутите и блокчејн технологијата и веќе тренирани модели за наменско AI владење.
Накусо, демократијата е неефиксна и треба да биде заменета со код и процес обликуван и контролиран од неколкумина, а процесот (алгоритмот) кој го гледаме е следен:
1. Замени ги сите службеници кои даваат отпор, и потоа насочи се кон судството кое го има преостанатиот мандат да спречи вакви процеси врз основа на важечки правни и уставно зацртани норми.
2. Инсталирај колку е можно поскоро (приватна) технолошка инфраструктура за да оневозможиш демократски и јавен надзор.
3. Пренеси ја моќта од демократските институции на технолошките системи контролирани од неколкумина, и на крај
4. Замени ја правната рамка која ги штити вашите (нашите) права и слободи со Корпоративен Прирачник како треба да се однесуваме или ќе бидеме fired.
Подетални аргументи и анализа на The Plot Against America
Тони Поповски / ФБ профил