ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди излез со 7 економски мерки

February 16, 2025 13:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– За само осум месеци сведоци сме на драматично влошување на економската состојба во државата и опаѓање на животниот стандард на граѓаните. Последните економски податоци се загрижувачки. Се е поскапено, цените на храната се зголемени за 20%, а некои производи се покачени и повеќе. Државниот завод за статистика измери дека трошоците за живот пораснале за 4,9%. Сметките за струја се зголемени од 20% до 30% а парното владата го  покачи за нови 5% – што е силен удар врз семејните буџети. Платите стагнираат, нема зголемување ниту на минималната ниту на просечната плата, истакна на прес конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Таа вели дека „граѓаните од ден во ден имаат сѐ помалку пари и едвај врзуваат крај со крај“ и нагласи дека и другите економски параметри се лоши.

„Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%. Странските инвестиции веќе си заминуваат, таков е примерот со компанијата „Аптив“ а има најави и за нови затворања на фабрики“, вели Ѓукова.

Таа истакна дека „неспособноста на Владата на Мицкоски ја турка земјата во економска криза и граѓаните сo право се загрижени“.

„Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема  одговор на растечката скапотија и сирoмаштија. Иако Владата уште во вторникот најави замрзнувањето на маржите, оваа недела измина а одлуката не е донесена. Очигледно, интересот на бизнис елитата за владата е поважен од тоа да ги заштити граѓаните“, рече Шукова.

Како одговорна опозиција, таа вели дека СДСМ предложи сеопфатна економска стратегија – сет на 7 мерки преточени во закони кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните.

„Овие мерки ќе делуваат како финансиска инекција и ќе го стопираат економскиот пад кој се случува.

  1. Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5% со што сметките за струја на граѓаните ќе се намалат за дури 13%. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе штедат околу 400 денари.
  1. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со што граѓаните ќе заштедат 2.000 денари месечно или 12.000 денари годишно.
  1. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци.
  1. Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи.
  1. Итно спроведување на Законот за нефер трговски практики со што цените ќе се намалат и до 30%.
  1. Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили.
  1. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Оваа мерка ќе опфати 350.000 граѓани, со месечни зголемувања од 3.000 до 15.000 денари“.

Потпретседателката на СДСМ повика сите пратеници во македонското Собрание да ги поддржат законите кои  седумте мерки на СДСМ ќе ги преточи во предлог-закони.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk